Албанските земјоделци излагаат на протест – Претставници на Сојузот на албански земјоделци денеска пред Министерството за земјоделство предупредија дека ќе почнат со протести и блокирање на патишта, доколку не се исполнат барањата.
Тие држеа голем транспарент на кој беа напишани нивните пет барања.
Ова се нивните барања:
Изедначување на ДДВ-то за земјоделските производи,
Надомест за секој литар млеко,
Укинување на данокот за нафтата за земјоделски возила,
ДДВ-фактура со реална цена од местото на наплата на денот на испораката на производот,
Субвенција за семиња,
Садници и за органски производи.
Овие нивни барања ги истакнаа на транспарент пред Албанското министерство за земјоделие.
Земјоделците најавија дека ќе протестираат во текот на цел февруари, почнувајќи од Корча, а „протестот ќе кулминира во Тирана во првите денови од идниот месец.
Албанските земјоделци излагаат на протест и се придружуваат кон протестите на земјоделците насекаде низ Европа.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени. Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK