Кајсија – бактериска дамкавост и рак-рани кај коскестите овошни видови – Xanthomonas campestris pv. prun
Култура: КАЈСИЈА
Опис: Бактеријата ги напаѓа речиси сите коскести и овошни видови.
Причинува карактеристична дамкавости сачменка на листовите.
На листовите прво се појавуваат ситни хлорозни дамки, кои подоцна стануваат жолтеникави или црвеникави ипкружени со посветол ореол.
Оптимална температура за развој на оваа бактерија е 24 – 28с.
При оптимални услови должината на инкубациониот период изнесува 2 – 3 дена.
Инфекциите се остваруваат преку различни оштетувања и стомините отвори. Заштита се изведува со организирање и спроведување на карантински мерки, употреба на бакарни фунгициди.
Се препорачуваат три третирања: првото во фаза на бабрење на пупките и второто пред почетокот на цветањето и третото до две недели подоцна.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK