Колку храна се фрла во Македонија? – Гладот убива повеќе луѓе на годишно ниво отколку маларијата, туберкулозата и сидата заедно.
Околу 45 проценти од смртните случаи кај новороденчињата се поврзани со неисхранетост.
Гладувањето и натаму е секојдневие за 155 милиони деца на возраст под пет години, што го зголемува ризикот од болести, предвремена смрт и забавен ментален развој.
Домаќинствата генерираат повеќе од половина од вкупниот отпад од храна во ЕУ (47
милиони тони).
Количеството отпад од храна во развиените земји е висок како во земјите во развој, но
неговата дистрибуција е различна:
во земјите во развој, над 40% од загубите на храна се случуваат по жетвата и за
време на обработката;
во индустријализираните земји, над 40% од загубите се на мало и потрошувачко
ниво.
Македонија е рангирана на осмото место во светски рамки по количина фрлена храна според бројот на жители.
Околу 30 % од храната произведена или увезена во Македонија никогаш не се
консумира.
Процените се дека фрламе 12.000 тони храна со кои може да се обезбедат по три оброка дневно за 26.000 граѓани, а вкупните вишоци надминуваат 100.000 тони.
Колку храна се фрла во Македонија? – Извор Агенција за храна и ветеринарство
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK