Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

More
    домаХраната како лек4 рецепти со Вргањ

    4 рецепти со Вргањ

    petel baner

    4 рецепти со Вргањ – Припремете и уживајте во овие 4 специјалитети со вргањ
    Рецепти

    Сликата од печурката ни ја испрати Mustafa Bekiri
    Вргањ, кралот на печурките. Со следниве специјалитети можете да уживате во неговиот вкус.

    Otkup na kompiri

    Според народните верувања се смета дека печурката вргањ најмногу растe кога врнe и кога има силни грмотевици.
    Токму затоа Јапонците уште од дамнешни времиња со помош на звук од тапани го стимулирале растот на оваа печурка.
    Доколку решите сами да берете вргањ задолжително консултирајте се со некој кој е стручен во тоа или најдобро купете ги на пазар и уживајте во неговиот вкус без никакви сомнежи.

    Постојат голем број на рецепти за припрема на вргањот. Но, за да го почувствувате неговиот вистински вкус треба да го пробате суров. Секако дека мора да биде потполно млад и здрав за консумација.

    Насечете го на резанки и додајте му малку крупно исечкани бадеми, неколку капки маслиново масло и оцет балсамико. Посолете го со сол и не заборавајте да го забиберите – печурките во сите варијанти совршено одговараат со мелен пипер. Кога веќе сте пробале суров вргањ, можете да го подготвите по желба.

    Оваа печурка обожава експерименти, исто толку колку што одговара да биде приготвен на класичен начин со јајца. Најдобар е кога се служи топол.

    agrounik

    4 рецепти со Вргањ

    Припремете и уживајте:

    1.ОМЛЕТ ОД ВРГАЊ И ЈАЈЦА (за 2 лица)
    Потребни состојки:
    75 гр ситно сечкан црвен кромид
    150 гр свеж вргањ
    малку црн пипер
    малку вегета
    25 гр маргарин или путер
    3-4 јајца.
    Подготовка: Го растопуваме маргаринот/путерот и во него го додаваме сечканиот кромид малку да зарумени. Го додаваме вргањот исечен на резанки, додаваме малку врела вода колку да се попари, па се остава да продинста додека не се намали на половина од својата големина. Потоа ги додаваме изматените јајца и наросуваме со вегета. Промешуваме и пржиме. Омлетот од вргањ се служи топол.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    1. ГОВЕДСКО ФИЛЕ СО СОС ОД ВРГАЊ
      отребни состојки:
      600 гр говедско филе
      400 гр вргањ
      поголема главица кромид
      300 мл бујон од вргањ
      100 мл неутрална павлака
      вегета, сол и масло.
      одготовка: Говедското филе исечете го на четири парчиња, секое посолето го и пропржете го од двете страни да се зацрвени. Додајте го вргањот и ситно сечканиот кромид, па сите заедно да се динстаат со повремено полевање од бујонот од вргањ и неутралната павлака. Оставете да зоврие, па зачинете го и послужете.

    3.ВРГАЊ ВО СЛАНИНА
    Потребни состојки:
    400 гр вргањ (помали парчиња)
    150 гр листови сланина
    120 гр сушен домат
    маслиново масло, сол.
    Подготовка: Помалите парчиња вргањ насечете ги на четвртини, посолете ги и завиткајте ги во листовите сланина. Додајте само малку маслиново масло во тавата, добро загрејте го и ставете ги завитканите ролнички кратко да се потпечат. Потоа додајте го сушениот домат и веднаш послужете.

    1. ЈУНЕШКИ ГУЛАШ СО ВРГАЊ
      Го сецкаме ситно кромидот и морковот по можност во сецко и го ставаме во тенџере да се пржи на тивко го додаваме и месото исецкано на коцки и тоа да се запржи. Потоа ги додаваме и печурките (ако се суви предходно накиснати во вода), се убаво запржуваме на тивко. Кога е готово, додаваме вино, вода, сенф и зачини. На тивко динстаме околу два часа (односно зависно од кога ќе биде готово месото). При крај кога е го спремаме оризот во тава со капак или тенџере додаваме 600мл. вода да зоврие го истураме оризот претходно убаво измиен, додаваме малку масло и сол. Кратко врие па го исклучуваме и оставаме оризот да ја впие цела вода. Сервираме во чинија, првиме прстен од оризот, а на средина го истураме гулашот.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img