Агро заеми на Хоризонти – Како агро заемите на Хоризонти го поттикнуваат развојот на земјоделието во Македонија
Земјоделството е сржта на многу семејни економии во Македонија. За многумина земјоделци, обезбедувањето на финансиски средства за набавка на механизација, семенски материјали, ѓубрива или други тековни трошоци често претставува голем предизвик. Токму тука својата улога ја има Микрокредитна Фондација Хоризонти – организација која со децении овозможува пристап до финансиски услуги за земјоделците, претприемачите и семејствата со ниски примања.
Мисија и визија: партнер за раст и развој
Мисијата на Хоризонти е да овозможи одржлив и континуиран пристап до финансиски услуги на економски активното население со ниски примања — вклучително жени микропретприемачи и припадници на социјално исклучени групи — со цел поддршка на развојот на малите бизниси, креирање работни места и подобрување на квалитетот на живеење. Во својата визија фондацијата стреми да биде водечки партнер за развој на бизнисите и подобрување на животниот стандард на своите клиенти.
Агро заеми: инвестиција во производството
Агро заемите на Хоризонти се наменети за индивидуални земјоделски производители кои сакаат да ја унапредат својата работа и да обезбедат подобра егзистенција за себе и своите семејства. Овие заеми се дизајнирани да одговорат на реалните потреби на фармерите, како:
- набавка на механизација и опрема,
- зголемување на сточниот фонд,
- набавка на суровини и репроматеријали,
- покривање на тековни расходи за примарно производство.
Хоризонти нуди различни типови агро кредити, со услови прилагодени на специфичните потреби на земјоделците:
🔹 Агро (старт) – за пократкорочни потреби до 90.000 денари,
🔹 Агро Премиум и Агро Премиум Флекс – со износи до 450.000 денари, подолг рок на отплата и можност за флексибилни рати, идеални за пошироки операции во земјоделството.
🔹 Агро Инвест и Агро Инвест Флекс – најголем избор за инвестиции во основни средства и механизација, со износи до 900.000 денари и услови кои одговараат на поголеми агро-проекти.
Поддршка и лесен пристап
Една од клучните предности на заемите на Хоризонти e професионалната поддршка која земјоделците ја добиваат при аплицирањето — од помош со документацијата до избор на најсоодветно обезбедување на кредитот.
Овој пристап значи дека не само што земјоделците добиваат финансиска поддршка, туку исто така добиваат и експертска асистенција за да ги искористат максимално средствата кои им се доделуваат.
Ако си земјоделец кој бара финансиско решение за развој или подобрување на своето производство, агро заемите на Хоризонти можат да бидат практична и пристапна опција која ќе ти помогне да ги оствариш твоите цели.
Информирај се и направи го првиот чекор
Направи чекор кон поефикасно и попрофитабилно земјоделство.
Посети ја најблиската филијала на Микрокредина Фондација Хоризонти и информирај се за агро заемите:
https://horizonti.org.mk/mreza-na-ekspozituri/
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

















