Според агрометеоролозите, земјоделците може да почнат или да продолжат со работа на поле бидејќи има поволни временски услови.
Има поволни временски услови за резидба на виновата лоза и овошките, за прихранување на есенските посеви, за сеидба на некои раноградинарски култури, ако почвените услови ги дозволуваат овие активности.
– Врнежите минатата недела придонесоа за зголемување на влагата во почвата која е добредојдена во овој период за успешно навлегување на посевите во период на пролетен развој. Како и за пролетна подготовка на почвата за садење одредени култури. Доколку почвените услови тоа го дозволуваат, земјоделците може да почнат или да продолжат со изведување работа на поле. Резидба на виновата лоза и овошките, отстранување на старите, слаби, неразвиени и болни изданоци (гранчиња). Засадување нови лозја, пресадување нови лози на празните места, прихранување на есенските култури. Подготовка на почвата за сеидба на раните пролетни култури. Како и садење на одредени раноградинарски култури, наведуваат агрометеоролозите.
За денеска УХМР најавува претежно сончево време со слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието и повремено засилен ветер од југоисточен правец.
Во среда се прогнозираат врнежи, а потоа, во четврток и петок, ќе биде променливо облачно.
Минималните температури ќе се спуштат под нулата, а максималните ќе достигнат 16 степени.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK