Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-2.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиХранење на козите пред припустот

    Хранење на козите пред припустот

    petel baner

    Козата е сезонски полиестрично животно, што знзчи дека се пари во одреден период од годината, ( од Август до Декември ), во период кога дневната светлина е намалена, а со тоа е темпирано времето на јарење во период кога почнува вегетацијата.

    На козата не и треба многу храна, но таа треба да е квалитетна. Козата како и другите животни го наследуваат својот генетски потенцијал за производство на млеко, месо или јариња само ако ги имаат добиено сите потребни хранливи материи во потребните количини во (дажбата) оброкот.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Козата е позната по својот темперамент. Тие се животни кои одат, се качуваат,скокаат во барање и одбирање на храна која им овозможува да преживеат и во сушни услови на исхрана своите потреби ги надополнува во шталата со додавање на концентрат. Кога имаат на располагање разновидна храна тие ја одбираат нај квалитетната и го изедначуваат оброкот во понудената вегетација и поради високата селективност можат да остават 50% од понудената храна не искористена. Козата ги сака скоро сите типови на растенија но нaјповеќе ги сака грмушките и младите гранчиња. Успешна репродукција кај козите во услови на оскудна исхрана, бара додатна количина на енергија во време на парење и во последните два месеци од бременоста. Енергетската потреба на плодот во првите три месеци на бременоста се занемарливи т.е. козата се храни на разни одржни потреби во првата половина од четвртиот месец тие потреби се зголемуваат и за 15%.

    Пашата и брестењето се нај ефтината и нај природна храна за козите. Природните пасишта покриени со разновидни растенија се добар извор за хранливите материи. На добро пасиште козата подмирува и до 60% од потребните материи во текот на летото, и 35% во текот на зимата. Затоа во текот на сушни летни периоди и во зима мора да им се дава дополнителна храна првенствено концентрат. Зрнестите житарици се најдобар извор на енергија за козите. Козите сакаат да јадат цело или искршено зрно од житарици. Тие се главен извор на енергија, до колку се хранеле со зелена храна, паша или силажа. Но преголема количина може да предизвика проблеми во варењето првенствено ацидоза на бурагот и ентеротоксемија. Затоа козите треба да се привикнуваат на храната богата со јаглени хидрати од житарици неколку дена и таа количина во оброкот не смее да биде поголема од 35% во сувите материи во оброкот. За време на зимскиот период хранењето на козите се врши пред се со сено и тоа; 2,5 – 3 кгр./дневно и кнцентрат 300гр./дневно или ако имаме сенажа се дава 4 кгр./дневно (со што се намалува количината на сено).

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во текот на цела година козата треба да има на располагање минерална сол во форма на тула или кругови. Веднаш по јарењето им се дава топла напивка од вода и трици, што е многу добро како лаксативно средство но не треба да се заборави дека овие животни наскоро ќе влезат во полна лактација ,која покрај одржна дажба потребно им е и храна за производство и за опоравување на организмот од бременоста и породувањето. Затоа треба да се состави квалитетен оброк кој ќе има сено или сенажа, концентрат (смеска направена од пченка ,јачмен, овез , трици). Контролата и управувањето со репродукцијата на козите најголема е во текот на сезоната на ( припуштање) припуст односно во текот на припремата на козите и јарците за припуср.

    Добро направените припреми за припуст резултира со одредени знаци на водење , поголем број на оплодени јајцеклетки, поголем број на ојарени здрави јариња и на крај поголемо производство на млеко што е предуслов за економичност и успешност за секое козарско производство.

    Дип.инж.агр. Марика Миленковска

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img