Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Saturday, November 23, 2024

More
    домаАгро ВестиБумбар за опрашување - Bombus terrestris

    Бумбар за опрашување – Bombus terrestris

    petel baner

    Бумбар за опрашување – Bombus terrestris – Бумбарите имаат црно – жолто влакнесто тело. Живеат во колонии.

    Женката се храни со нектар и ги полага јајцата под земја. Ларвите се хранат со нектарот и поленот.

    Otkup na kompiri

    Значењето на бумбарите е во собирањето храна, полен и нектар за своите ларви, при што вршат опрашување на растенијата.

    Претставуваат едни од најзначајните полинатори. Се користат колониите во заштитени простори каде што може да опрашуваат.

    Доматот е ентомофилно растение кое мора да биде опрашано за да формира плод. Инсектот опрашувач “Bombus terestris” е бумбар со социјален начин на однесување сличен на пчелите.

    Работничките активно работата и ги опрашуваат доматите се додека во леглото има ларви на кои им е неопходен полен за исхрана. Едно семејство активно живее и работи 12-14 седмици, и во тој период може да опрашува просечно 1-2 декари засадени со домати (во зависност од големината на кошницата, која може да биде стандардна, медиум или мини кошница).

    При поставувањето на кошниците (кутиите) со бумбари треба да има доволен број на цветови во насадот. Треба да се постават на спрат, во висина од 1-1,5 метар над почвата и да се заштитат од дирекно влијание на сончевата светлина со поставување на некаква заштита или сенка во насадот.

    Тоа се прави заради спречување на зголемувањето на температурите, бидејки во такви услови бумбарите не се активни со опрашувањето и остануваат внатре во кошниците, за да ги ладат своите и ларви.

    agrounik

    Тие својот оптимум на работа го даваат во услови на температура под 300C. Освен тоа, бумбарите во попладневните часови кога температурите се зголемуваат, честопати излегуваат надвор од заштитетниот простор, при тоа најчесто се привлечени од диви цветови или овошни дрвца надвор од пластеникот.

    Во случај на појава на излегување на поголем број на бумбари надвор од заштитениот простор, во попладневните часови треба да се затворат излезите на бумбарите во кошниците или пак се препорачува употреба на мрежа во пластеникот и вентилациски отвори.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    За време на периодот на оплодување треба да се обрне внимание на нивото на оплоденост и активност на бумбарите. Видлив индикатор на оплоденоста се траговите на цветовите (од благо кафеави до темни трагови), но не само во близина на кошниците, туку со земање на случајни примероци и од подалечните растенија. Траговите се повидливи кога временските услови се поладни и во услови на повисока влажност.

    Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img