ИПАРД мерка 3 продолжен рок -Инвестиции во основни средства за прераработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во координација со телото за управување со ИПАРД при МЗШВ, донесе одлука за пролонгирање на рокот за поднесување на барања за финансика поддшка од јавниот повик 01/2024 од ИПАРД 2021-2027 Програмата за мерката 3 “Инвестиции во основни средства за прераработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“.
Продолжување на рок на Одлука за Јавен повик 01/2024 од ИПАРД програмата 2021-2027.
Имено, поради големиот интерес за аплицирање на јавниот повик како и доставени барања од преработувачки асоцијации за продолжување на рокот за поднесување на барања заради ново воведените критериуми во ИПАРД 3 наспроти ИПАРД 2 Програмата.
Агенцијата во интерес на крајните корисници како и во интерес на поголема апсорпција на средствата од Програмата, одлучи да го продолжи рокот на јaвниот повик.
ИПАРД мерка 3 – Продолжувањето на рокот согласно одлуката е 15 дена, со што крајниот рок за поднесување на барања на јавниот повик е 12.06.2024 година.
Придружете се во нашата заедница на Земјоделие.мк на Вибер, Телеграм, Фејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK