Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

4.8 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро советиГрижа на засади со лешници по садењето

    Грижа на засади со лешници по садењето

    petel baner

    По засадувањето на младото растение, потребно е да се обезбедат доволно хранливи материи со цел вегетативните и генеративните процеси да се одвиваат непречено. Нерамнотежата на хранливите материи во овој период може значително да го намали бројот на реси и женски цветови и развитокот на плодовите. Исто така, ваквите растенија се чувствителни на разни стресови.

    Основни принципи на ѓубрењето во засади со лешници


    • Во првите две години по садењето се применуваат помали количини на азот (25-40 кг / ха). Азотот треба да се нанесува за време на активниот пролетен раст. Тој поттикнува рано формирање дрвата, раст на стеблата, изданоци и листови. Пожелно е да се примени потребната количина на азотно ѓубриво во три апликации. 

    Otkup na kompiri

    Првиот (45%) за време на листење – кон крајот на март до средината на април. Вториот (45%) од средината на мај, најдоцна до почетокот на јули. Третиот, не повеќе од 10% во текот на септември. По септември, не се препорачува употреба на азот поради доцнење во стврднувањето на изданоците. Лешниците во тој период слабо ги апсорбираат хранливите материи, што би довело до непотребни загуби на хранливи материи.


    • Употребата на фосфор не се препорачува во првите години по садењето, освен ако анализата на почвата не покаже јасен недостаток на овој елемент. За време на агромелиративното ѓубрење треба да се примени поголема количина на фосфор.


    • Калиумот се користи во млади насади само ако анализата на почвата го покаже неговиот недостаток. Клучниот момент за негова примена е при формирање на плодови во постари засади.


    • Примена на други ѓубрива се изведува само ако се појават симптоми на недостаток на хранливи материи.


    • Во насадите со лешници е многу важно да се нанесе ѓубривото на вистинското место, во зоната на ширење на кореновиот систем, за да се добие најдобра искористеност. Најдобро е да се нанесе ѓубриво директно над зоната на коренот.


    • Рачна примена на ѓубрива, дури и ако е напорна, се смета за соодветна практика во новозасадените овоштарници.

    agrounik

    Обработка на почвата и одгледување на засади со лешници

    Во првите четири години на одгледување, земјата во овоштарникот се одржува како јалов угар. Ова значи 2-3 пати рачно плевење околу грмушките (дрвјата) и иста количина на плевење во меѓуредовниот простор со ротирачки диск или фрлач. Употребата на хербициди не се препорачува во првите две години. 

    Важно е да се истакне дека длабочината на обработување не треба да биде поголема од 5-7 см, ниту поблиску од 20 см од растението.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Леската е многу чувствителна на недостаток на вода и како последица на тоа, растенијата можат да венеат, да го намалат растот и да им опаѓаат листовите. Затоа, треба да се постави систем за наводнување по садењето.

    Во првата година, изданоците обично се оставаат да растат слободно, во согласност со конечната форма што сакаме да ја постигнеме. Евентуалниот вишок на изданоци кој може да го попречи растот на растението се отстранува рачно. Во годините по садењето, дозволете раст на изданоци на врвот, а отстранете ги сите други странични изданоци.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img