Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-6.2 C
Skopje
Monday, November 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваЈадете проќељ за да бидете среќни

    Јадете проќељ за да бидете среќни

    petel baner

    Се вели дека проќељ е „растение на среќата“ бидејќи содржи важна аминокиселина наречена триптофан, која го создава хормонот на среќата – серотонин.

    Затоа, јадете проќељ колку што можете повеќе, за да бидете среќни!

    Прокељот влегува во фа­ми­­­лијата на зелките (Brassicaceae), кој по својот изглед потсетува на минијатурна главица зелка. Неговото потекло е од Франција, а семињата во Македонија се увезуваат.

    Otkup na kompiri

    Од еден корен прокељ се добиваат два килограма род, а еден килограм чини повеќе од 100 денари. Прокељот е култура која се одгледува на умерено топла и влажна клима. Може да вегетира и на минус 10 Целзиусови степени, а отпорен е на температура од минус 15 до минус 20 Целзиусови степени.

    Тој е исклучителен извор на витамините Ц, А и К, фолна ки­селина, калиум, манган и на целулоза, а во неговиот карактеристичен вкус уживале и античките народи. Пред 500 години стана популарен на подрачјето на денешна Холандија и Белгија, а денес се одгледува низ целиот свет.

    Обично е со големина на орев и не е богат со калории, но затоа изобилува со минерали, влакна, растителни протеини и со витамини.

    agrounik
    Прокељот го подмладува и чисти организмот, му ја дава потребната енергија и виталност, а помага и при слабеење. Важи за чудесен зеленчук, кој е важен за здравјето.

    Медицинските ис­тражувања покажуваат дека прокељот штити од појава на сите видови канцер. Посебно е важен за подигнување на имунитетот. Го чисти организмот од штетни состојки, така што го забрзува празнењето на цревата. Изобилува со лутеин и со заексантин, кои ги чуваат очите.

    Луѓето што секојдневно консумираат по 300 грама прокељ имаат 37 проценти поголема концентрација на витамин Ц во крвта, покажа најновата австриска студија. Прокељот се препорачува за лица што имаат проблеми со нервниот систем.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во кулинарството се користи за подготовка на варива, чорби, салати, но најчесто како прилог на пилешко месо и на риба. Не би требало долго да се вари или пржи бидејќи така ги губи важните витамини.

    Најмногу витамини содржат суровиот прокељ и прокељот готвен на пареа. И со динстување задржува поголем дел од хранливите вредности.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img