Почетокот на учебната година за децата, покрај училишните обврски, носи и промена во начинот на исхрана, односно потреба за здрави оброци.
Појадокот е задолжителен пред одење на училиште. Долгата пауза треба да се искористи за ужина, која не може да биде прв оброк во денот и не може да биде замена за појадок.
Утринското брзање не е оправдување да не се подготви појадок. Тој може да се состои од овесни снегулки или пченкарни снегулки. Потоа, сендвич со пилешки или мисиркини гради, 1-2 кришки леб со намаз и варено јајце.
Кај децата на училишна возраст, општествено прифатливо е да се купи ужина за време на долга пауза. Но, оваа навика може да се коригира доколку децата учествуваат во изборот и приготвувањето на грицките што ќе ги однесат на училиште. На тој начин со текот на времето ќе ја усвојат идејата за добри, избалансирани, здрави оброци, како и соодветни навики во исхраната.
По појадокот, ужината во текот на денот треба да ја зачува енергијата и концентрацијата
Пецивата од пекарата, слатките и солените грицки треба да се заменат со парче пченкарен леб. Исто така, сендвич со младо сирење или салата, кои детето може да ги направи дома само или со родителите.
Ужина може да биде и овошје, житарки, јогурт, јаткасти плодови или лен, овес и др. Ужината со висока хранлива вредност и ниска содржина на масти и концентрирани јаглехидрати му овозможува на детето да биде сито до ручек.
Ако детето оди на училиште наутро, ручекот треба да биде при пристигнувањето дома. Доколку детето оди на училиште попладне, детето треба да руча пред да оди на училиште. При подготовка на оброците, приоритет треба да се даде на готвењето, динстањето и печењето. Пржената храна треба да се избегнува. Освен супа или чорба, ручекот треба да се состои од месо или риба, зеленчук и салата или варено јадење.
Не треба да заборавиме колку е важен дневниот внес на вода
На големиот одмор вообичаено е со ужина да се консумираат сокови или слатки газирани пијалоци. Понекогаш и самите пијалаци се ужина, што е недозволиво. Недоволното внесување вода доведува до замор, намалена концентрација, главоболки.
Децата, во зависност од нивната возраст, треба да пијат најмалку 3-4 чаши вода додека се на училиште. За време на физичката активност, без разлика дали се работи за часови по физичко или играње во училишниот двор, потребно е пиење вода пред, за време и по споменатите активности.
Во семејството се стекнуваат правилни прехранбени навики и во таа смисла најголема одговорност имаат родителите. Нивното усвојување, на најмала возраст, ја намалува можноста за дебелеење и следствено на тоа, развој на хроничниболести.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.