домаАгро ВестиПочна депопулизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион

Почна депопулизацијата на свињи во Карбинско-штипскиот регион

Започна депопулизацијата и еутанизацијата на свињи поради појавата на африканската чума во Карбинско-штипскиот регион.

halk bank baner horizontalen ovcar

Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија на свињи.

Искоренувањето на афринската чума кај свињите, како што истакна првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), Николче Бабовски се врши во рамки на законоските одредби и Правилникот за мерки за искоренување на болеста.

Семенарна хоризонтален банер

Во изминатиот период, посочи тој, донесени се повеќе решенија во зависност од тоа како се јавуваат одредени жаришта на африканска чума.

Reklamiraj se na zemjodelie.mk
Pneumatik baner

Во радиус од три километри од жариштето се врши депопулација со еутаназија. Ова е за сите одгледувалишта коишто не применуваат или имаат ниски биосигурносни мерки. Оние кои имаат високи биосигурносни мерки, нивните свињи одат во кланица со која Агенцијата има потпишано договор. Месото понатаму се носи на преработка со одреден технолошки процес. Во радиус од 10 километри се врши депопулација меѓутоа без еутаназија, туку со економско искористување на животните, појасни Бабовски.

Меѓу другото, Бабовски потенцираше дека вирусот е отпорен, но оти болеста не влијае на здравјето на граѓаните.

petel baner

Тоа месо што ќе биде преработено е здраво, безбедно месо, бидејќи ние луѓето не заболуваме од оваа болест, појасни Бабовски.

Од појавата на првиот случај на африканска чума во земјава, досега се депопулизирани и еутанизирани 3 102 животни. Се очекува, со оглед на бројноста на одгледувалишта во Карбинско-штипскиот регион, бројката да се дуплира.

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img
spot_img