Цените на репродуктивниот материјал, трудот и услугите во земјоделството во октомври годинава се зголемени за 19,9% во однос на истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.
Индексот на цените кај аутпутот во земјоделието е зголемен за 10,3%.
Најголем пораст на цените е забележан кај минералните ѓубрива кои во октомври годинава биле поскапи за 58,1% во однос на октомври минатата 2021 година.
Цените на енергијата и нафтата, пак, во октомври годинава биле за 27,4% повисоки од лани.
Цените на добиточната храна се зголемени за 16,1%, додека на семињата за 10,4%.
На страната на аутпутот, најголем раст на цените во октомври годинава има кај житарките и оризот кои се поскапи за 43,1%. Во споредба со октомври минатата година и кај компирот, чии цени за една година се згоемиле за 26,5%.
Зголемувањето на цената на вештачките ѓубрива се должи на два главни фактори. Падот на извозот од Русија и Украина и зголемените цени на гасот што го користат некои од најголемите производители.
Високите цени на вештачките ѓубрива и енергенси драстично ги зголемуваат трошоците за производство на храна во земјава, но и во светот. Поради што многу земјоделци се одлучуваат да го намалат производството или пак да употребуваат помалку ѓубрива, што на крајот ќе се одрази со помал род.
Големото поскапување на овие два инпути, особено по војната во Украина, е главната причина за високата инфлација и поскапувањето на храната во Македонија, но и на светско ниво.
Според последните податоци од Државниот завод за статистика инфлацијата во октомври годинава изнесуваше 19,8%. При што цените на храната во октомври беа повисоки за 31,2% во однос на октормври минатата година.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.
А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK