Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

More
    домаАгро совети6 работи кои влијаат на деформации на краставиците

    6 работи кои влијаат на деформации на краставиците

    petel baner

    Деформации на краставиците честопати се поврзуваат со намалена пазарна вредност. Одгледувачите треба да обрнат внимание на овој проблем. Шест фактори предизвикуваат деформација на плодот од краставица.

    1. Треба да се почитуваат плодосмената полјосмената, односно производството во монокултура не треба да се заснова на производството врз кое се работело претходната култура од семејството на краставици, како што се тиква, лубеница, диња.

    Otkup na kompiri

    2. Не произведувајте краставица на засенети места затоа што краставицата бара светлина и топлина. Засенување и големи температурни осцилации значително ја зголемуваат веројатноста краставиците да бидат деформирани.

    3. Густината на садење исто така може да влијае на обликот на плодовите. Во бујна култура, има повеќе засенување со лисна маса.

    agrounik

    4. Деформации на краставиците се јавуваат како резултат на несоодветна употреба на минерални и органски ѓубрива. Вишок и недостаток на NPK доведува до помалку формирани цветови , слабо оплодување, неправилен раст или обраснати култури кои го зголемуваат засенувањето на овошјето.

    5. Режимот на вода е еден од важните фактори во производството на краставица. Влијае и на квалитетот и на квантитетот на производството. Избегнувајте употреба на ладна вода за наводнување.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk
    деформации на краставиците
    Деформации на краставиците

    6. Важна е употребата на пестициди (заради бербата на краставици на 2 -3 дена), со цел да биде безбеден за човековата потрошувачка.

    Производителите треба да ги следат сите технолошки процедури со цел да имаат најголем можен принос во прва или втора класа и за да постигнат поголем профит. Обликот на овошјето го диктираат трговските ланци заради нивниот економски интерес, а на производителите останува да одлучат дали ќе ја прифатат играта или не.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img