Не е невообичаено да се види како компирот позеленува, како и да се слушне или прочита прашањето дали е безбеден за јадење. Во оваа статија ви даваме одговор на тоа и уште неколку важни прашања.
Кога ќе видиме светло зелени дамки на компирот, јасно е дека има некаква промена, но не знаеме зошто. Ова ни предизвикува сомнеж и дилема дали можеме или не да го консумираме.
Компирот позеленува кога е изложен на директна сончева светлина. Оваа зелена боја доаѓа од хлорофилот, кој веројатно го знаете од часовите по биологија. Тоа е безопасно соединение кое на растенијата им дава зелена боја и е неопходно за процесот на фотосинтеза. Изложеноста на сончева светлина го забрзува производството на хлорофил во компирот. Меѓутоа, во исто време, се зголемува количината на друго соединение кое е опасно. Затоа е важно компирот да се чува во темна просторија.
Дали зелениот компир е безбеден за јадење?
Краткиот одговор е не. Кога се зголемува хлорофилот во компирот и кога добива зелени дамки, истовремено се зголемува и количината на соланин. Повисоките нивоа на соланин предизвикуваат компирот да има горчлив вкус и може да доведе до бројни здравствени проблеми. Ако зелениот компир се консумира во големи количини, ова соединение може да доведе до дигестивни проблеми, гадење и дијареа, како и главоболки и невролошки проблеми. Сепак, корисно е да се запамети дека би требало да изедете поголема количина од таквите компири за да ги почувствувате наведените негативни последици. Дополнително, кога станува збор за компирот, добро е да се потсетите на следново: ако е горчлив, не го јадете.
Дали зелениот компир треба да се фрли?
Да речеме дека сте купиле неколку килограми компири, ги чувате во оставата и речиси сите добиле зелени дамки. Дали треба да фрлите сè? Тоа зависи од големината на зелените површини. Ако мал дел од компирот позеленел, едноставно отсечете го тој дел и безбедно искористете го остатокот од компирот.
За да спречите компирот да стане зелен, секогаш чувајте ги подалеку од директна сончева светлина. Најдобро е во ладна, темна просторија. Подрумите се исто така добро место за складирање.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.