Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

6.8 C
Skopje
Tuesday, December 3, 2024

More
    домаАгро ВестиСрбија го стопира производството на брашно

    Србија го стопира производството на брашно

    petel baner

    Министерството за земјоделство на Србија на владината седница подготви предлог-одлука за укинување на забраната за извоз на жита и сончогледово масло за јадење со месечни квоти за извоз во соседните земји. Додека пак извозот на брашно најверојатно ќе биде без ограничувања.

    Мелничарите во Србија почнаа да го стопираат производството на брашно. Залихите се огромни поради забранетиот извоз, а поради долгото складирање можно е брашното да го загуби квалитетот.

    Otkup na kompiri

    Залихите се околу 20.000 тони брашно

    Директорот на деловното здружение на мелничари и фабрики за тестенини „Житунија“, Здравко Шајатовиќ , рече дека залихите на брашно се околу 20.000 тони. Мелничарите полека го прекинуваат производството бидејќи немаат кому да го продадат.

    Српската премиерка Ана Брнабиќ на средба со претставници на здружението „Жита Србије“ вети дека државата ќе најде начин да им помогне на производителите, преработувачите и извозниците на жито во ситуација кога е забранет извозот на пченица, пченка и сончогледово масло.

    Сопственикот на мелницата „Житопромет“, Предраг Ѓуровиќ изјави дека има на залиха 1.500 тони брашно. За ден-два ќе го прекине производството бидејќи ги пополнил сите складишни капацитети.

    „ Создадовме огромни залихи што не можеме да ги извеземе. Таа забрана го задушува нашето производство, а огромните количини брашно може да се расипат “, рече Ѓуровиќ.

    Тој додаде дека прекинот на производството на брашно од типови 500 и 850 може да предизвика недостиг на тој производ тип 400, кој е најбаран на домашниот пазар. Кога не се произведуваат тип 500 и тип 850, не може да се произведува ниту тип 400.

    agrounik
    брашно

    Странските купувачи бараат други добавувачи

    Тој рече дека штетата од забраната е повеќекратна. Освен што производителите не можат да ја продаваат на странски пазар и купувачите ќе најдат други добавувачи. Исто така, не можат да ја покачат цената на домашниот пазар бидејќи е замрзната за типот 400. Босна и Херцеговина, која произведува многу помалку количества пченица од Србија, откупува и извезува пченица во земјите од регионот.

    Да потсетиме, министерката за надворешна трговија и економски односи на БиХ , Сташа Косарац, претходно изјави дека добиле цврсто уверување дека Владата на Србија ќе донесе одлука врз основа на која ќе може да продолжи извозот на договорени количини. Станува збор за 196.145 тони меркантилна пченица, меркантилна пченка и пченичен гриз.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Министерството за земјоделство на Србија за седницата на нивната Влада подготви предлог-одлука за укинување на забраната за извоз на житарки и сончогледово масло. Ќе има месечни квоти за извоз во соседните земји, додека извозот на брашно најверојатно ќе биде неограничен.

    Изминатите две недели дел од црногорските пекари и трговци набавуваа брашно од Бугарија по повисоки цени и значителни транспортни трошоци. Заради тоа размислуваат за ново поскапување на основниот бел пченичен леб. Таа одлука ќе чека пресметки со новите цени на брашното од Србија.

    За повеќе корисни стории посетете ги рубриките Агро вести и од соседите, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img