Чувар куќа често може да се сретне на старите камени куќи, балконите и во градините.
Чувар куќа е исцелителна билка која секогаш била сметана за заштитник на домот и семејството.
Нејзиното латинско име е Semprevivum tectorum. Во превод значи „оној што живее на покривите засекогаш“, а името на билката потекнува од старото народно верување дека ја заштитува куќата од громови и бури. Лесно се одгледува и може да издржи голема суша и екстремни временски услови. Неговите лековити својства се должат на јаболковата и мравјата киселина.
Од низата лековити својства кои ги има оваа билка, најпознато е тоа дека го елиминира вишокот на маснотија од ушните канали. Оттаму доаѓа и другото има според кое е познат кај народот – Ушник.
Преполовете неколку ливчиња од Чувар куќа и исцедете две до три капки сок во болното уво. Оставете ја течноста да делува неколку минути, а потоа свртете ја главата за течноста да истече од ушната шуплина.
Листовите од оваа билка кога се комбинираат со мед се добива смеса која е многу делотворна кај воспаление на усната шуплна.
Чувар куќа делува слично како Алое Вера, растение кое е познато по тоа што лекува различни кожни заболувања. Ова растение се смета за еден од најсигурните лекови за широкиот спектар кожни болести. Заради антивоспалителните и антисептички својства служи како одлична прва помош кај изгореници, убоди и каснувања. Бидејќи многу брзо ја смирува кожата. Доволно е “повреденото” место да се премачка со сокот, или да се стави облога од пресечен лист од растението.
Кога ќе изедете еден лист од ова растение, го подобрувате системот на варење и влијаете врз здравјето на цело тело. Го јакнете имунитетот и се заштитувате од претстојните инфекции. Доволен е само еден лист дневно.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.