Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

20.8 C
Skopje
Thursday, October 3, 2024

More
    домаАгро советиШто е орторексија и колку таа може да не направи несреќни

    Што е орторексија и колку таа може да не направи несреќни

    petel baner

    Орторексија е преокупација со подготвување здрава храна, планирање мени, редовно вежбање и борба со пестициди, хербициди и конзерванси до таа мера што човек не се чувствува добро ако јаде „нездрава“ храна.

    Орторексичарите избегнуваат храна толку многу што на крајот можат сериозно да се разболат и да почнат да го избегнуваат општеството. Наместо живот, тие често имаат само план за исхрана. Ова нарушување се опишува како опсесија со правилна исхрана со ограничувања. Потоа, планирани оброци и избегнување на сите намирници за кои се верува дека се нездрави.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Опсесивната приврзаност кон здравата храна е се почеста, особено кај помладите жени. Постојат главно две категории на луѓе, оние кои не внимаваат што јадат и оние кои се прејадуваат и развиваат голем број нарушувања.

    Орторексија како психолошко нарушување

    Кога станува збор за орторексија како психолошко нарушување, таа може да се подведе под слични видови на нарушувања, како што се анорексија или булимија. До името на секој од нив се појавува зборот нервоза, што се однесува на ментално растројство.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Дали ваквата исхрана може да доведе до физички проблеми и болести? Континуирано избегнување на масти, јаглени хидрати или црвено месо. Тие се постојано на повеќето листи на нездрава храна. Но, ова може да доведе до недостаток на многу неопходни витамини, минерали, амино киселини и сл. На крајот лесно резултира со некои посериозни болести.

    Младите мајки сакаат да бидат витки буквално наредниот ден по породувањето. Често започнуваат многу брзо со интензивни тренинзи и намалена исхрана, не обрнувајќи внимание на последиците. Честопати не ја избираат вистинската диета за нивните деца, исфрлајќи ја, според нив, “нездравата храна”, честопати токму онаа што е важна за развој и правилен раст.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img