Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

16.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваГуските сепак се паметни животни

    Гуските сепак се паметни животни

    Распространетата и општоприфатена теза дека гуските се неинтелигентни животни е апсолутно неточна.

    Гуските се паметни животни и многу успешно може да се дресираат. 

    Всушност, гуските имаат одлични визуелни способности. Начинот на кој нивните очи се структурирани им овозможува да ги видат работите многу подетално на поголема далечина од луѓето.

    И она што е особено интересно – тие можат да видат УВ светлина и со тоа да го гледаат светот сосема поинаку од нас.

    Но, има уште нешто. Гуските имаат способност самостојно да го контролираат секое око. Ова буквално значи дека можат да спијат со едно отворено око. Убаво ја исклучуваат едната половина од мозокот, за да се одморат, а со другата ја гледаат околината.

    Знаејќи ја оваа нивна добра карактеристика, некои и ја искористија. Во еден кинески град, гуски патролираат заедно со полицајци.

    Пред неколку години медиумите објавија дека затворениците во затворот „Собрал“ во Бразил ги чувале гуски. Еден од чуварите рекол дека гуските прават многу врева кога ќе забележат „чудни движења“.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img