Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

12.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро ЗабаваСалата со грав за зимница

    Салата со грав за зимница

    Салата со грав може да се сервира и како целосен оброк и како додаток на јадењата со месо. Еве предлог за вашата зимница.

    Салата со грав

    Состојки :

    • 1 кг грав,
    • 2,5 кг домати,
    • 1 кг моркови,
    • 1 кг пиперка,
    • 1/2 кг кромид,
    • 1 чаша шеќер,
    • 3 лажици сол,
    • 2 чаши растително масло,
    • 1/2 чаша 9% оцет,
    • 2 лажички мелен црн пипер.

    Подготовка:

    Гравот претходно потопете го во вода (подобро е да го оставите преку ноќ). Исцедете го и исплакнете пред да ја подготвите салатата. Измијте го и излупете го зеленчукот. Морковот изрендајте го на покрупно ренде, пиперката, доматот и кромидот исечкајте ги на коцки. Измешајте сè во тенџере, додадете шеќер, сол, бибер, масло и оцет. Промешајте и варете на тивок оган околу 2 часа, повремено мешајќи. Наредете ја топлата салата во стерилизирани тегли и чувајте ја на темно и ладно место.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката агро забава како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img