Доколку имате проблеми со сувата кашлица направете сируп од портокал кој ќе ви ги ублажи тешкотиите.
Рецептот за сируп од портокал е многу едноставен, а добро ќе ви дојде доколку ве измачува сувата кашлица.
Состојки:
– 1 портокал
– 2 лажици шеќер
– 1 дл вода
Подготовка:
Портокалот измијте го добро, па заедно со кората исецкајте го на ситни парчиња. Ставете го во соодветен сад, додадете две лажици шеќер и прелијте го со водата. Варете го додека не се згусне (околу половина час).
Употреба: Сирупот од портокал консумирајте го по една лажица секој пат кога ќе ве „нападне“ сувата кашлица.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.