Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

27.8 C
Skopje
Wednesday, May 8, 2024

More
    домаАгро ЗабаваПиперки во сенф

    Пиперки во сенф

    petel baner

    Пиперки во сенф е идеална зимница за љубителите на пикентен вкус.

    Подготовката е брза и едноставна, а вака подготвените пиперки во сенф одлично се вклопуваат со секаков вид месо, со варени јадења, а можат да бидат и пикантен намаз.

    Ова е рецептот за црвени пиперки во сенф:

    15 поголеми ајварски пиперки
    125 мл алкохолен оцет
    300 мл вода
    200 гр сенф
    120 мл масло
    Сол, шеќер, ловоров лист, бибер

    Подготовка: 

    Agrobot

    Пиперките добро се чистат од дршките и семките. Исечете ги на подебели ленти. 

    Настрана подгответе го солилото од водата, оцетот, сол, шеќер и зачини. Пиперките ставајте ги да се варат околу 10 минути (не морате сите наеднаш доколку не ги собира), па оставете ги да се исцедат. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Сенфот матете го со миксер или процесор за храна. Додавајте го маслото по малку, во тенок млаз, за да може да добиете пенеста смеса. Измешајте ги пиперките со оваа смеса и ставете во тегла. 

    Не правете наеднаш големи количини, за да избегнете расипување. 

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img