Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

1.8 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро советиПравилно садење и размножување на костен

    Правилно садење и размножување на костен

    petel baner

    Костен во шумите многу брзо се размножува со изданоци од кореновиот дел кои остануваат после сечата. Размножувањето на костенот може да биде и со семе и садење садници произведени во расадници.

    Со сеидба на семето и садење на некалемени садници се подигааат нови костенови шуми.

    Размножување за производство на плодови

    Otkup na kompiri

    За искористување на плодовите, костен се размножува на ист начин како и оревот: со сеидба на семе на постојано место и садење на калемени или некалемени садници.

    Разлики во однос на оревот:

    – Никнувањето трае најмногу 6 месеци па треба да се сеат веднаш по созревањето т.е во октомври. Ако тогаш не можат да се посеат, мора да се посеат во март, најдоцна во првата половина на април.

    – Кората со окцето многу полесно се одделува отколку кај оревот па затоа и калемењето е полесно. Во пракса најмногу се употребуваат овие два начини на калемење:

    а) во овошни расадници со спојување на овој начин, пред почеток на вегетацијата, можат да се калемат израстоци околу 10 см над земјата веќе во втората година по сеидба на семето.

    agrounik

    б) на постојано место – на овој начин можат да се калемат израстоци во 5-7 година по садење или по никнување на семето. На прстен се калеми нешто подоцна во пролет, кога пупките ќе набабрат, а кората со пупките може лесно да се одвои од дрвото. Прстенот се става во висина од 1-2 метри од земјата.

    Костенот со цел производство на плодови на постојано место се сади на растојание од 18 x 15 м. Првите години треба да се врши режење за да се формира симетрична крошна.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Кроењето подоцна не е потребно, бидејќи се формираат правилни крошни кои можат да дадат 100-150 плодови на хектар.

    Инаку, костенот не бара некоја особена нега. Главно е да му одговараат местоположбата и земјиштето.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img