Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 31, 2023

More
    домаАгро ВестиЗапочна бербата на лутите пиперки во струмичко

    Започна бербата на лутите пиперки во струмичко

    Бербата и откупот на лутите пиперки во Струмичко е започната деновиве. Годинава лутите струмички пиперки стасаа порано за повеќе од еден месец во споредба со лани.

    Според производителите, раната берба на лутите пиперки се должи на комбинацијата на релативно топлото време за овој период од годината. Како и топлата вода од термалните извори во близина на селото Банско, каде најмногу е засадена под пластеници и фолии во регионот.

    – Засега откупната цена е околу десет денари за парче, но годинава почнавме со берба многу порано. Иако некои производители се уште се во фаза на расадување и ја очекуваат првата берба. Се надевам дека оваа откупна цена на лутата пиперка ќе остане и понатаму во екот на бербата, вели Даме Тренчовски, производител на лути пиперки од селото Банско.

    Покрај лутата пиперка, во Струмичко во тек е расадувањето на пролетната зелка, која за берба обично стасува кон крајот на март и почетокот на април.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    А доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img