Од страна на Европската комисија одобрена е генетски модифицирана (ГМО) маслодајна репка, а обновeно е и одобрувањето на генетски модифицираната соја за употреба во исхраната и добиточната храна.
Во соопштението на Комисијата се наведува дека одобрението на Комисијата е само за исхрана и добиточна храна и не дозволува одгледување во ЕУ.
Овие ГМО култури поминале низ сеопфатна и ригорозна процедура, која обезбедува високо ниво на заштита на здравјето на луѓето и животните и животната средина, информира ЕК.
Европската агенција за безбедност на храната (EFSA) даде поволна научна оценка во која заклучила дека овие генетски модифицирани организми (ГМО) се безбедни како и конвенционалните.
Одобрувањата важат 10 години и сите производи направени од овие ГМО се предмет на строги правила за етикетирање и следливост на ЕУ.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK