Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-1.2 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиПочна откупот на јагниња во Дебар и Центар Жупа

    Почна откупот на јагниња во Дебар и Центар Жупа

    petel baner

    Почна продажбата на јагниња, при што од вкупно 20 илјади откупени се околу 1.500 јагниња од општина Дебар и Центар Жупа.

    -Цената се движи од 180 до 190 денари за килограм жива мера. Искрено, меѓу сточарите постои незадоволство, но, ете мора да се продадат. Она што посебно треба да се нагласи е фактот дека оваа година на продажба се сите 20 илјади јагниња, зашто ниту еден од сточарите не покажа волја да зачува јагниња за зголемување на стадата, кои од година во година сè се помалубројни, вели Скендер Аме, претседател на здружението на одгледувачи на овци „Даши“, кое ги опфаќа сточарите од двете општини.

    agrounik
    Otkup na kompiri

    Според него, ако до пред три години вкупно на ова подрачје имало над 40 илјади грла овци, моментно нивниот број е за 10 илјади помал.

    -Причините пред сè лежат во фактот што младите заминаа во западно европските земји и САД. Во последните три години, десет сточари, кои имаа големи стада ги продадоа, а тој тренд продолжува. Влијание има и тоа што за јагниња нема субвенции. Покрај другото се соочуваме и со проблемот со недостиг на овчари. Порано ги обезбедувавме од соседна Албанија, но и тамошните млади заминаа на запад, додава Аме.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Јагнињата, како и дебарското сирење, кое се произведува на традиционален начин, се познати по својот квалитет. Сирењето главно се пласира на домашниот пазар, додека јагнињата, со години завршуваат, пред сè, на италијанскиот пазар.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img