Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

22.9 C
Skopje
Tuesday, June 25, 2024

More
    домаАгро ЗабаваРецепт: Вкусно пире од карфиол

    Рецепт: Вкусно пире од карфиол

    petel baner

    Карфиолот може да се користи и како нискокалорична алтернатива со помала содржина на јаглени хидрати од компирите за вкусно пире.

    Ова пире можете да го послужите со печено месо, риба и зеленчук.

    Карфиолот термички се обработува за помалку време од компирот и му дава на јадењето неодоливо слатка нота.

    Пирето ќе биде повкусно ако изберете свеж карфиол. Свежиот карфиол ќе го препознаете по цврстите и зелени листови и екстремно светлите цветови без никакви оштетувања или темни дамки.

    Не ви треба многу време или состојки за да направите вкусно пире од карфиол. Ви го пренесуваме најлесниот рецепт кој гарантира највкусни резултати.

    Состојки:

    1 голема главица карфиол
    една лажица путер
    1 лажица намаз од сирење
    ½ лажичка сенф
    сол и бибер по желба
    свеж власец за сервирање

    Подготовка:

    agrounik

    Отстранете ги листовите и корените од цветовите на карфиолот.

    Цветовите исечкајте ги на помали, еднакви делови и варете ги во топла вода додека не омекнат. Ќе ви требаат околу 10 минути.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Карфиолот исцедете го и ставете го во блендер заедно со путер, намаз од сирење, сенф, сол и бибер.
    Блендирајте додека карфиолот не се претвори во мазно пире, а потоа послужете со свежо сечканиот млад лук. Добар апетит!

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img