Зелените домати содржат есенцијални витамини и минерали, кои имаат низа здравствени придобивки.
Зелените домати се повкусни и поздрави кога се користат термички обработени или во туршија.
Зелениот домат обезбедува неколку дополнителни хранливи материи како калциум, калиум, исто така содржи протеини, магнезиум, фосфор и витамин К.
Консумацијата на зелените домати се препорачува преку готвење, печење на скара или како туршија бидејќи во сурова состојба содржи супстанца соланин, која може да предизвика стомачни болки.
Зелените домати содржат речиси иста количина на витамин Ц како и црвените домати
Зрелите, црвени домати се полни со витамин Ц, а интересно е што и зелените имаат слични количини на овој витамин. Внесувањето доволно витамин Ц може да ни помогне да го зајакнеме имунолошкиот систем за телото полесно да се бори со настинки, грип и други болести. Витаминот Ц е исто така клучен за здравјето на забите, непцата, коските и кожата. Затоа додавањето зелени домати во вашата исхрана е еден од начините да го зголемите внесот на витамин Ц. Покрај тоа што се богати со витамин Ц, зелените домати имаат и други здравствени придобивки:
Го нормализираат крвниот притисок
Зелените домати помагаат во одржување на крвниот притисок на нормално ниво. Растворливите влакна, кои ги има во изобилство во зелените домати, може да го намалат нивото на холестерол, а со тоа да го намалат ризикот од развој на срцеви заболувања.
Го одржуваат здравјето на цревата и дигестивниот систем
Зелените домати се здрав извор на влакна, неопходни за здравјето на цревата и дигестивниот систем. Исхраната богата со влакна може да помогне да се намали ризикот од неколку опасни заболувања, како што се срцевите заболувања, рак на дебелото црево и дијабетес тип 2. Исто така, го одржуваат добро функционирањето на дигестивниот систем, па затоа е помала веројатноста за појава на запек.
Го подобруваат здравјето на очите
Концентрацијата на бета-каротен во зелените домати е слична на онаа во црвените домати. Бета-каротинот е присутен во голем број на овошје и зеленчук и му помага на телото да произведе витамин А. Кој ни е неопходен бидејќи помага во заштитата на здравјето на очите. Бета каротенот се претвора во витамин А и го промовира производството на здрави бели крвни зрнца одговорни за заштита на здравјето на очите. Бета каротинот се бори против клетките на ракот и ја спречува макуларната дегенерација во староста, која е главната причина за слепило. Експертите наведуваат дека зелените домати може да се користат како замена за морковот за да се зачува здравјето на очите.
Го одржуваат холестеролот во рамнотежа
Зелените домати не содржат холестерол, а зелениот домат има доволен број на протеин, кој делува како врзувач на холестерол во крвта. Витаминот Б3 игра витална улога во намалувањето на лошиот холестерол.
Се борат со клетките на ракот
Количината на витамините А и Ц кои се наоѓаат во зелените домати помага да се зголеми нивото на антитела во нашите тела. Кои помагаат во борбата против канцерогените клетки. Витаминот А како и витаминот Ц помагаат во зајакнувањето на антителата на телото за борба против штетните клетки. Витаминот К, кој се наоѓа во зелените домати, помага да се спречи развојот на клетките на ракот. Покрај тоа, витаминот Б6 помага за зајакнување на имунитетот и го спречува влегувањето на лошите бактерии во телото.
Корисен е за проширени вени
Зелените домати содржат ацетилсалицилна киселина, која делува како антикоагулант. Ова може да се користи како алтернативна терапија – намалување на симптомите на проширени вени. Ставете исечен зелен домат на видно зголемени вени, повторете го ова неколку пати за да постигнете подобри резултати.
Спречува предвремено стареење
Јадењето зелени домати помага да се спречи предвременото стареење бидејќи содржи многу витамин Ц, кој ги регенерира клетките на кожата и помага да се спречи појавата на брчки на лицето.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK