Маслиновото масло изобилува со здравствени придобивки, особено кога станува збор за екстра девствени сорти. Но, дали ова масло може да се расипе?
Маслиновото масло е земјоделски производ и со текот на времето светлината, топлината и кислородот ќе го разградат и ќе го направат расипливо. Ова влијае и на вкусот и на хранливата вредност – двете главни причини зошто ова масло е толку скапо.
Ако не сте сигурни дали вашето маслиново масло е сè уште исправно, прво помирисајте го. Ако и после тоа сè уште не сте ја решиле дилемата, напијте се.
Доколку маслото има вкус или мирис на застарени јаткасти плодови, боички, стар кармин или месо и остава мрсна, восочна уста, маслото е веројатно расипано. Ако маслиновото масло не ве потсетува на нешто свежо и овошно, веројатно веќе не е добро.
Кога маслото ќе се оксидира, здравите масти во екстра девственото маслиново масло почнуваат да се распаѓаат. Така, почнуваат да се формираат слободни радикали.
Чувајте го маслото на ладно, темно место и што подалеку од рерната. Сончевата светлина не е добра за маслиновото масло. Затоа купувајте масло во темни стаклени шишиња, што ќе го заштити маслото од сончева светлина и ќе му го продолжи рокот на траење.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK