Пиварите во Велика Британија ја намалуваат содржината на алкохол, но не и цената на неколку од нивните најпопуларни пива.
„Грин Кинг“, голем ланец на пивари и пабови во Велика Британија, ја намали содржината на алкохол во своето популарно пиво на 4,8 од пет проценти, објави неодамна Си-Ен-Ен.
Во март истото го направи и најстарата пиварница во земјата – ја намали содржината на алкохол во флашираните пива на 4,2 и 5,2, соодветно, а до неодамна тој удел беше 4,5 и 5,4 проценти.
Интересно е што пиварите ја задржале големината на своите шишиња и лименки, со иста количина течност, но ја намалиле количината на алкохол, пренесува „Евроактив“. Се вели дека оваа „инфлација на пијалоци“ ја одразува практиката на производителите на храна и супермаркетите да ја намалат големината на нивните производи без да ги намалат цените.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро Вести, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK