ДУЊИ – како природата не подготвува за зимата!

1767
petel baner

Еден од главните симболи на есента се вкусните, ароматични жолто-златни дуњи. Почнуваат да се појавуваат во октомври, а веќе во декември тешко можат да се најдат во својата најдобра, свежа форма.

Дуњата (науч. Cydonia oblonga) е уникатна овошка од познатото семејство цветни билки Roseaceae, во коe спаѓаат и јаболките, крушите , јапонските јаболки и други слични овошја. Се смета дека потекнува од регионот на Блискиот Исток, а кај античките Грци и Римјани, освен што се применувала во медицински цели, дуњата се сметала и за симбол на плодноста и љубовта. Во денешно време, таа е често одгледувана билка и во нашиот регион.

Otkup na kompiri

Оваа овошка има доста уникатен облик, тексутра, вкус и арома. Така, може да се искористи за подготвување на различни јадења, како компоти, слатка, мармалади, но за жал ретко кој има пробано свежа дуња. Листовите, цветот и самите овошки, исто така често се употребуваат и за подготвување на вкусен и ароматичен чај.

Во продолжение, прочитајте 10+ важни причини зошто треба максимално да го искористиме овој период на свежите дуњи!

Нутритивно Сконцентрирана храна

Дуњите, впрочем како и најголемиот дел од овошјата, се нискокалорична храна која е одличен извор, пред сè на витамин Ц и растителни влакна. Дополнително, таа е богата и со различни други важни витамини, минерали, антиоксидативни материи и уникатни фитохемикалии.

Една свежа дуња, со средна големина (околу 150g), ја има следната нутритивна вредност:

  • Околу 80 калории
  • 22g јаглехидрати, од кои речиси 3g растителни влакна
  • 0,7g протеини
  • Околу 0g масти
  • 21mg витамин Ц (или околу 35% од Дневните Потреби за овој витамин)
  • 0,15mg бакар (9% од ДП)
  • 275mg калиум (7% од ДП)
  • 1mg железо (6% од ДП)
  • 11,5mg магнезиум (3% од ДП)
  • 24mg фосфор (3% од ДП)

Дополнително, дуњите во нешто помали количества содржат и други витамини Б од групата (Б1, Б6), минерали итн.

Богат антиоксидативен извор

Покрај сето наведено, дуњите се богат извор и на низа антиоксидативни компоненти. Ваквите компоненти нè заштитуваат од оксидативниот стрес, кој на долг рок води до процеси на хрнични воспаленија – процеси што се вбројуваат помеѓу најзначајните ризик-фактор за повеќето хронични заболувања, како дијабет, кардиоваскуларни, малигни заболувања итн.

Главната концентрација на антиоксидантите во дуњите, како и кај повеќето овошки е во нивната лушпа, затоа е подобро да се јадат целите, секако претходно добро измиени. 

Овошјата од семејството Roseaceae се сметаат за најдобар извор на флавоноидни антиоксидантипомеѓу сета свежа храна – главно заради тоа што се богат извор на епикатехинот. Просечната препорачана вредност за внес на флавоноиди во текот на еден ден е околу 14mg, а само една дуња обезбедува значаен дел од овие количества.

Во продолжение, најзначајните антиоксидативни фитохемикалии кои се пронајдени во дуњите:

 кафеоилхинска киселина

 рутин

 епикатехин

кверцетин

кампферол

 танински материи

 каротеноиди

Дополнително, тука влегува и витаминот Ц, кој во дуњите го има во доста високи концентрации.

Дуњите имаат низа извонредни здравствени бенефити поради особено високата концентрација на аскорбинската киселина, попозната како витамин Ц:

  • Појачан имунитет, односно помала подложност на инфекции и помало траење на непријатните симптоми на настинки и грип. Дополнително, кај дуњите е утврдено природно антибактериско и општо, антимикробно дејство.
  • Подобро здравје на очите и кожата поради моќниот антиоксидативен ефект на витаминот Ц, но и поради неговата значајна улога во метаболизмот на синтеза на колагенот, кој претставува клучен протеин за здрава кожа.
  • Корисно дејство во однос на апсорпцијата на железото при анемија.
  • Антиалергено дејство

Подобро здравје на срцето

Имајќи го предвид хранливиот состав на дуњите, лесно можеме да заклучиме дека тие се одлични и за кардиоваскуларното здравје. Солиден процент на фибер, моќни антиоксиданти, минерали како калиум и магнезиум, потоа витамин Ц – секој од нив на свој начин важен за срцето.

Антиоксидантите дејствуваат:

  • на намалувањето нахроничниот процес на воспаление  во телото (ризик фактор за многу заболувања, па и срцеви), потоа
  • на намалување на вкупниот холестерол, и на крајот
  • на намалување на високиот крвен притисок како еден од главните фактори за кардиоваскуларните заболувања.

Калиумот делува на намалување на висок крвен притисок , го регулира ефектот на натриумот (солта), ги опушта крвните садов и ја подобрува циркулацијата.

Растителните влакна можат да превенираат и да помогнат при гојазност и да го регулираат липидниот статус, што е од особена важност за здраво срце.

Одредени анимални истражувања на тема дуњи и срцево здравје,  сугерираат дека овие овошки можат да го заштитат кардиоваскуларното здравје, преку подобрувањето на циркулација, намалувањето на високиот крвен притисок и подобрувањето на липидниот статус.

Одличен извор на растителни влакна – храна погодна за лицата со дијабет, но добар избор и за здрава дигестија и слабеење

Релевантните здравствени институции препорачуваат внесување најмалку 25-30g фибер на дневно ниво, за возрасните лица. Овие вредности, со модерната исхрана која денес ја имаме, ретко кој може да ги достигне, па затоа свежата храна како што се дуњите, треба да биде што е можно почесто на трпезите.

Само една дуња со средна големина, обезбедува околу 1/5 од дневните потреби за растителни влакна.

Дуњите, генерално содржат растворлив фибер – пектин, кој е од значителна помош за корисната цревна микрофлора и го подобрува дигестивното здравје

Растителните влакна покрај тоа што се храна за корисната цревна микрофлора, тие помагаат и во постепеното дигестирање на храната. Ова постепено дигестирање, води кон постепеното испуштање на глукоза во крвта, што прави да сме сити подолго време. Дополнително, растителните влакна можат да допринесат за побрза и подолга заситеност, преку врзувањето на слободната вода во стомакот. Ова е особено значење за поуспешното слабеење.

Дуњите уште од најдалечното минато се користеле како природен лек за олеснување на стомачните тегоби. Денес, истражувањата покажуваат дека дуњите делуваат заштитувачки на дигестијата. Тие можат да придонесат за значително намалување на ризикот од синдромот на нервозни црева, но и улцеративниот колитис.

Растителните влакна со кои се богати дуњите, помагаат и при еден од најчестите проблеми со дигестивното здравје- констипацијата или запекот . Тоа го остваруваат преку подобрувањето на цревната перистатика.

Како што веќе споменавме, фиберот може да делува и на намалување на инфламаторните процеси во организмот, но и да го намали вкупниот холестеролот во крвта.

Дополнителни потенцијални корисни ефекти од јадењето свежи дуњи:

agrounik
  • Позитивен ефект при астма
  • Помош при дијареа и констипација
  • Помош при третманот на стомачни чиреви
  • Превенирање на непријатните киселини 
  • Превенција и третирање на проблемите со непријатниот здив
  • Помош при типичните гадење кај трудници
  • Помош при кашлици и други симптоми на настинка (свежите плодови, но и чајот)

Како да ги јадете дуњите?

Дури и кога се доволно зрели, дуњите имаат специфичен вкус (благо киселкаст, но и малку нагорникав) кој за многумина е неприфатлив, па затоа ретко се јадат свежи, како другите овошја. Сепак, видовме колку тоа може да биде добро за нашето здравје.

Prostor za reklama na zemjodelie.mk

Како и да е, дури и по варењето , дуњите задржуваат добар дел од својата хранливост, а имаат поприфатлив вкус. Варете ги дуњите заедно со лушпата, а за појачување на вкусот моете да додадете и здрави додатоци со одличен вкус, како мед  и различни зачини (цимет, ѓумбир итн.).

Дуњите одлично се комбинираат и со овесна каша , пробитоски јогурт, па дури и со печено пилешко месо. Бидете креативни и искористете ја сезоната на дуњите!

За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Лековита исхрана, како и нашите групи на Facebook и Viber.

tigar.mk baner