Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаситеСакате да одгледувате кантарион?

    Сакате да одгледувате кантарион?

    petel baner

    Кантарион е повеќегодишно тревно растение, високо од 50 до 100 сантиметри. Има цврсто, аголно, разгрането и исправено стебло. Цветовите се наоѓаат на врвот на стеблото и се жолти. Жолтите цветови, од по пет ливчиња, од долната страна имаат црни точки. Во продолжение, неколку совети за успешно одгледување и употреба на кантарион.

    Кантарион

    Услови за одгледување на кантарион

    Кантарионот е повеќегодишно растение и не се воведува во класичната ротација на посевите, но потребно е да се биде претпазлив после кои култури би можел да се одгледува. Најдобро е предкултурите да бидат видови кои ја оставаат почвата без плевел. Значително појавување на плевел во првата година може да биде пречка за успешно засадување.

    Otkup na kompiri

    Кантарионот останува на истата парцела неколку години, така што обработувањето треба да се направи што е можно подлабоко. Орањето е на длабочина од 30-40 сантиметри, а потоа треба да направите тањирање и фина подготовка на почвата.

    Земјиштето треба да се подготви за есенско садење. Најдобро поднесува ѓубриво кое што се става при подготовка на почвата во количина од 30 до 50 тони на хектар, а минералните ѓубрива се употребуваат непосредно пред садењето.

    Може да се одгледува на скоро сите видови почва, освен на влажна и мочурлива. Има големи побарувања за топлина, затоа треба да се одгледува на сончеви и воздушни парцели.

    Кантарион

    Берба на кантарион

    Кантарионот се бере двапати со косење, а старите остатоци од стеблата се отстрануваат. Ова треба да се направи по секое косење за да може нормално да се развиваат новите надземни изданоци.

    По првото косење, наводнувањето е задолжително, што им помага на младите стебла да се развиваат побрзо. Растенијата зреат за првото косење во јули, а за второто во август, за 35-50 дена.

    Многу е важно да се напомене дека кантарион лесно страда од “венење”, која може да биде со таков интензитет што целосно го загрозува одгледувањето. Помали количини на кантарион може да се сушат природно на темно и светло место во слој што не смее да биде подебел од 10 сантиметри.

    Сушење во сушари се изведува на температура од 50 ° С. Сувите растенија мора да ја задржат својата природна боја и карактеристичен мирис. Од 4 до 5 килограми свежи растенија се добива 1 килограм сува маса.

    Пакување кантарион

    Се собираат лисја, цвеќиња, пупки и семиња од кантарион. Најчесто се собираат горните врвови на растението во должина од 15-20 сантиметри, за да можат да бидат врзани во снопови и сушени под сенка.

    Исушената билка искршете ја рачно и спакувајте ја во херметички затворена амбалажа изработена од повеќеслојна хартија, картон, дрвени кутии обложени со кујнска хартија, во лимени конзерви или стаклени садови. Од пупките на кантарион, се добива масло, кое се пакува во стаклени садови.

    agrounik

    Лековити својства на кантарионот

    Кантарионот се користи за лекување на мукозни мембрани на белите дробови, грчеви во стомакот , згрутчување на крвта, болести на бубрезите, црниот дроб и уринарниот систем. Исто така се препорачува за проблеми со уринарниот тракт. Измешан со други билки, тој е одличен лек за кашлање и астма.

    Кантарионот популарно се користи за лекување на посекотини, изгореници, хемороиди, за заздравување на рани, но исто така и како природен антисептик, против болка во црниот дроб, стомакот и така натаму.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Чајот од кантарион се пие неколку пати на ден за бројни воспаленија на внатрешните органи. Маслото од ова растение се користи за подмачкување на рани, расекотини, изгореници и други повреди.

    Есенцијалното масло од кантарион делува против цревни паразити. Фенолните соединенија кои се наоѓаат во кантарион имаат изразена антибактериска моќ. Кантарионот е добар за лекување на умерена до лесна депресија. Исто така, широко се користи во козметичката индустрија.

    За слични информации од областа на здравата и лековита исхрана информирајте се повеќе во рубриката лековита исхрана.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img