Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

More
    домаАгро ВестиЦената на пченицата расте

    Цената на пченицата расте

    petel baner

    Цената на пченицата и понатаму расте. Неможноста да се продаде зимската пченица дополнително врши притисок врз американските земјоделци на кои им треба готовина за да ги платат семињата и ѓубривата пред пролетната сеидба, закупот на земјиштето и даноците.

    Цената на пченицата

    Се чека развојот на ситуацијата

    Многу земјоделци продолжуваат да се воздржуваат од купување. Чекаат да видат како понатаму ќе се развива конфликтот во Источна Европа и какво влијание ќе има тоа на пазарот. 

    Otkup na kompiri

    Неможноста да се продаде зимската пченица, чија жетва започнува во јуни, врши дополнителен притисок врз американските земјоделци. Ним им треба готовина за да ги платат семињата и вештачкото ѓубриво пред пролетната сеидба, закупот на земјиштето и даноците.

    Според Американската федерација на земјоделски бироа и тамошното Министерство за земјоделство, само сметките за ѓубрива се очекува да скокнат за 12 отсто оваа година, откако минатата година се зголемија за 17 отсто. Ако земјоделците одлучат да ја намалат површината, тоа би можело да ги намали приносите за есенската жетва. Токму во време кога на светот можеби ќе му треба повеќе жито.

    Проблеми на пазарот

    Необичната ситуација произлегува од системот за заштита од ризици. Американските одгледувачи и преработувачи на жита го користат долго време за да се осигураат од промени на цените. За секој бушел жито што ветија дека ќе го купат, купувачите продаваат иста сума на фјучерс пазарот како заштита од загуби.

    Русија и Украина заедно обезбедуваат околу 26 отсто од светскиот извоз на пченица, според најновите податоци на USDA. Извозот преку Црното Море е прекинат.

    agrounik

    По почетокот на конфликтот во Украина, шпекулантите интензивно купуваа фјучерси за пченица и пченка, особено претстојните мајски договори. Цената на мајската пченица на Одборот за трговија во Чикаго (CBOT) скокна за 54 отсто за само девет трговски дена, од 8,84 долари за бушел на 23 февруари на 13,63 долари на 8 март.

    На 9 март, Ландус Кооператив, најголемата земјоделска задруга во државата Ајова, накратко ги суспендираше своите понуди за готовински заеми за купување пченка и соја. Извршниот директор Мет Карстенс изјави дека Ландус, исто така, тројно ја зголемил својата кредитна линија со CoBank најголемиот американски заемодавач на земјоделците. Сето ова за да покрие стотици милиони долари во маржи и да обезбеди стабилно работење. 

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Само во јануари и февруари, CoBank испорача повеќе од 4,5 милијарди долари заеми и кредити на клиентите.

    Пазарот на фјучерси не е толку нестабилен од 2008 година, кога недостигот на храна ширум светот предизвика немири во некои земји.

    Цената на пченицата постојано расте

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img