Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

24.8 C
Skopje
Wednesday, July 6, 2022

More
    домаАгро ВестиУпис во регистар на индивидуални земјоделци

    Упис во регистар на индивидуални земјоделци

    Упис во регистар на индивидуални земјоделци ова е постапката што треба да се направи.

    Земјоделска дејност може да врши физичко лице чие работење не ја надминува земјоделската дејност од помал обем и е запишано во регистарот на индивидуални земјоделци. 

    Индивидуалниот земјоделец може да врши земјоделска дејност ако ги исполнува следниве услови:

    • Дејноста да ја врши на земјоделско земјиште на кое има право на сопственост или го има добиено врз правна основа од сопственикот.
    • Да е полнолетен;
    • Да има општа здравствена способност;
    • Да не е во работен однос или пензионер;
    • Со правосилна пресуда да не му е изречена мерка на безбедност забрана за вршење дејност;
    • Да ги има намирено пристигнатите даночни обврски и други јавни давачки и
    • Да не е запишан во трговскиот регистар.

    За вршење на земјоделска дејност како индивидуален земјоделец истиот поднесува барање до подрачната единица на МЗШВ за упис во регистарот во местото каде се наоѓа земјоделското земјиште на кое се врши дејноста.

    Упис во регистар на индивидуални земјоделци

    Со барањето,  индивидуалниот земјоделец ги приложува и доказите за исполнување на условите за упис во регистарот и тоа:

    Доказ за државјанство;
    Доказ за правниот однос за користење на капацитетите;
    Доказ за здравствена состојба;
    Доказ за стручно образование;
    Доказ дека не е изречена мерка на безбедност забрана за вршење дејност со правосилна пресуда;
    Доказ дека нема неподмирено даночни обврски-Управа за приходи и
    Доказ дека не е запишан во трговски регистар;

    Предвиден рок за постапката: 15 дена

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img