Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

14.8 C
Skopje
Thursday, October 10, 2024

More
    домаАгро ВестиДо 3 хектари

    До 3 хектари

    petel baner

    До 3 хектари – Давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари:

    Крушево, Радовиш, Прилеп, Струмица, Валандово, Кочани, Крива Паланка, Пробиштип.

    Otkup na kompiri

    Јавен  ОГЛАС бр.03/22 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари. 

    I.ПРЕДМЕТ НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
    Се дава во закуп земјоделско земјиште во државна сопственост со вкупна површинаод 568ха 26ар 74м² и тоа за следните региони во Република Северна Македонија:Валандово, Кочани, Крива Паланка, Крушево, Струмица, Прилеп, Пробиштип иРадовиш.Податоците за земјоделското земјиште предмет на овој јавен оглас (за службеностии други товари, за состојбата во која се наоѓа земјиштето, катастарските податоцисодржани во имотниот лист) се во согласност со постоечката катастарскатаевиденција и увид во тие податоци може да се направи на веб страната на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и на огласната таблаво подрачната единица на Министерството каде се наоѓа земјоделското земјиштекое е предмет на јавниот оглас.Листите со катастарски индикации на земјиштето кои го идентификуваат седадени во деталните прегледи во прилог на огласот. Земјоделското земјиште во државна сопственост кое се дава во закуп со овој јавеноглас е со намена за:

    -подигање на долгогодишни насади (лозја, овоштарници, хмел) и оранжерии запериод до 30 години,-подигање на долгогодишни насади со лешник за период до 70 години,
    -подигање на маслинарници за период до 50 години,
    -одгледување на други земјоделски култури и за поставување на пчелни семејстваза период до 15 години,
    -ливади за период до 15 години,
    -за одгледување на брзо растечки дрвја на земјоделско земјиште кое се наоѓа нанадморска висина над 700 метри, за периодот до 30 години,
    -рибници до 20 години и-спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години.

    agrounik

    II. ПРАВО НА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС
    Право на учество на јавниот оглас имаат домашни физички и правни лица истрански правни лица.Поврзаните лица во смисла на поврзани правни лица, поврзани физички лица,поврзано физичко лице со правно лице и индиректно поврзани лица во правно лицеимаат право на учество на јавниот оглас и можат да достават само една понуда заучество.Физичките лица треба да се регистрирани вршители на земјоделска дејност и/илизапишани во единствениот регистар на земјоделски стопанства и/или да се трговецпоединец на кои земјоделското производство или преработката на примарниземјоделски производи да им е претежна дејност. Странските правни лица имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку имаатрегистрирано подружници во Република Северна Македонија. На домашните и странските правни лица или нивните подружници земјоделскотопроизводство или преработката на примарни земјоделски производи да им епретежна дејност или земјоделското земјиште им е потребно за вршење на научно-Истражувачки дејности.Право на учество на јавниот оглас немаат лицата кои ги немаат намирено обврскитепо основ на закупнина по претходно склучени договори за закуп на земјоделскоземјиште во државна сопственост и даночни обврски и придонеси по основ на:персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка, придонеси од задолжително социјално осигурување. Право на учество на јавниот оглас немаат правни лица за кои е отворена стечајнапостапка, како и непрофитните организации. Право за учество на јавен оглас за давање под закуп на земјоделско земјиште водржавна сопственост за површини до 3 хектари имаат лицата кои немаат склученоважечки договор за закуп со министерството за вкупна површина над десет хектари. Максималната површина на која може да аплицира еден понудувач не може дабиде поголема од 3 хектари, ниту помала од големината на една катастарскапарцела односно блок.

    III. ПОТРЕБНА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВЕН ОГЛАС
    Учесниците на јавниот оглас за давање на земјоделско земјиште во државнасопственост во закуп за површини до 3 хектари во прилог на пријавата треба да достават)

    за правни лица:
    -понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство или од веб страната на Министерство www.mzsv.gov.mk);-доказ (акт) издаден од Централниот регистар на Република Северна Македонија заизвршениот упис во трговскиот регистар или од друг надлежен орган за упис направните лица;
    -доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на:персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка,придонеси од задолжително социјално осигурување;
    -бизнис план кој содржи основни податоци за учесникот, целта за која ќе го користиземјиштето, применета технологија, број на вработени, пазарни аспекти, очекувани производно- економски резултати и износ на планирана инвестиција (бизнис планот треба да биде потпишан на секоја страна од страна на управителот направното лице или овластено лице за потпис со прилог овластвање заверено нанотар);
    -изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата сеподнесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е воспротивност со членот 24 од Законот за земјоделското земјиште;
    -изјава заверена на нотар за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заучество;
    -понуда за износот на годишната закупнина;
    -изјава (заверена на нотар) од основачите и одговорното лице во правното лице декане биле основачи или управители на правното лице кое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
    -доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт надруг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство заобработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послугазаверени на нотар).

    б) за физички лица:
    -понуда (образец од подрачна единица на Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство или од веб страната на Министертвото www.mzsv.gov.mk);
    -доказ за намирени обврски по однос на даночни обврски и придонеси по основ на:персонален данок на доход, данок на додадена вредност, данок на добивка,придонеси од задолжително социјално осигурување;
    -Фотокопија од лична карта;
    -потврда за упис во единствениот регистар на земјоделски стопанства, решение зарегистриран вршител на земјоделска дејност или доказ од централен регистар зарегистриран трговец поединец;
    -програма за користење на земјиштето која содржи основни податоци за семејството, техничко-технолошка опременост, целта за која ќе го користи земјиштето, пазарни аспекти (програмата треба да биде потпишна на секоја странаод подносителот на понудата);
    -изјава за веродостојноста на податоците дадени со пријавата заверена на нотар;
    -изјава дадена под целосна материјална и кривична одговорност дека понудата се поднесува независно без договор со другите учесници на јавниот оглас, а која е во спротивност на членот 24 од Законот за земјоделското земјиште;
    -понуда за износот на годишната закупнина;
    -изјава заверена на нотар дека не бил основач или одговорно лице во правното лицекое користело земјоделско земјиште во државна сопственост под закуп, а кое не ги исполнило обврските од тој договор и
    -доказ за материјално – техничка опременост (сообраќајна дозвола, фактура, договор за купопродажба заверен на нотар, правосилна судска одлука или акт надруг надлежен орган) или доказ за користење на трактор како основно средство заобработка на земјоделското земјиште (договор за лизинг или договор за послугазаверени на нотар). Потребната документација се доставува во оригинал или фотокопија заверена нанотар (освен личната карта за физичките лица.Образецот за учество на јавниот оглас (понуда) потребно е да се пополни целосно сосите потребни податоци, во спротивно понудата нема да биде разгледувана.

    IV. КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ
    Изборот на најповелен понудувач во постапка по јавен оглас за давање наземјоделско земјиште во државна сопственост до 3 хектари, се врши согласноПравилникот за поблиските критериуми за избор на најповолен понудувач наземјоделско земјиште во државна сопственост кое може да се даде во закуп иопределување на големината на површината на земјоделското земјиште кое можеда се даде во закуп („Службен весник на Република Македонија” бр.12/08,26/12,2/13,158/13, 110/15, 120/15, 129/15, 27/16 и „Службен весник на Република СевернаМакедонија” бр.16/20) и тоа врз основа на следните критериуми:
    -оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот вооднос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас – 65 бодови.
    -понудена годишна закупнина по хектар – 25 бодови.
    -правниот статус на понудувачот -10 бодови.

    Критериумот оддалеченоста на местото на живеење, односно седиштето напонудувачот во однос на земјоделското земјиште кое се нуди на јавниот оглас значидека одалеченоста на местото на живеење, односно седиштето на понудувачот вооднос на катастарската парцела што се објавува се наоѓаат во иста катастарскаопштина и се бодира со максимален број на бодови. Доколку понудувач еподружница на домашно правно лице се зема во предвид седиштето на правнотолице кое ја основало подружницата.
    Критериумот од понудена годишна закупнина по ха се бодира согласно формулата
    -понудената годишна закупнина по хектар поделена со највисоката годишназакупнина по хектар, помножена со максималниот број на бодови кои можат да седобијат согласно овој критериум при што:
    С=(П/Пмах) х 25
    С-број на бодови
    П-понудената закупнина
    Пмах- највисока понудена закупнинана

    Критериумот правниот статус на понудувачот се бодира со максималенбодови за понудувач кој е регистриран вршител на земјоделска дејност илиОСИГУРЕНИК ВО Фондот за пензиско и инвалидско осигурување како индивидуален земјоделец, трговец поединец или правно лице кои ги исполнуваат условите од член 24 од Законот за земјоделско земјиште.
    Договорот за закуп со избраниот понудувач се склучува во рок од 30 дена од денот на приемот на известувањето за избор на најдобар понудувач.
    Избраниот понудувач во постапка по јавен оглас за површини до 3 хектари е должен пред склучување на договорот да достави изјава заверена на нотар дека не е поврзано лице во смисла на членот 24 од овој закон со другите учесници на јавниот оглас.
    Доколку во рокот од 30 дена денот на приемот на известувањето избраниот понудувач не го склучи договорот за закуп, Министерството го склучува договорот со следниот рангиран понудувач согласно со неговата понуда. Следниот рангиран понудувач за склучување на договор се утврдува врз основа на извештајот за евалуација на понудите доколку изборот на најповолен понудувач се врши без спроведување на постапка за електронско јавно наддавање изготвени од страна на
    надлежните комисии за давање под закуп на земјоделското земјиште во државна сопственост под закуп.
    Договорот за закуп влегува во сила со денот на воведувањето во владение на закупецот врз земјоделското земјиште предмет на договорот од страна на закуподавачот и тоа само за површините за кои е воведен во фактичка власт. Земјоделското земјиште предмет на договор за закуп кое нема да биде стено ладение на закупецот во рок од една година од денот на склучувањето на договорот, може да биде предмет на нови постапки предвидени согласно со овој
    закон за давање на земјоделското земјиште во државна соспвеност во закуп или плодоуживање.
    Најповолниот понудувач со кој се склучува договорот за закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост е должен закупнината да ја плаќа до 31 јули во тековната година за претходната година, сметано од денот на записничкото воведување во владение на земјоделското земјиште предмет на договорот.
    За земјоделското земјиште во државна сопственост кое по пат на јавен оглас или јавен повик ќе се додели во закуп на физичко лице на возраст до 40 години или на трговско друштво со управител или извршен директор на возраст до 40 години обврската за плаќање на закупнина од страна на закупецот настапува три години по влегувањето во сила на договорот за закуп.
    Доколку трговското друштво во периодот до три години по влегувањето во сила на договорот за закуп го промени управителот или извршниот директор со лице на возраст над 40 години, обврската за плаќање на закупнина ќе се смета дека настапила од денот на влегувањето во сила на договорот за закуп.

    V. ПОЧЕТНА ЦЕНА
    Почетната цена по хектар во постапка по овој јавен оглас се утврдува во зависност од катастарската класа и местоположбата на земјиштето.
    Почетната цена по хектар во постапка по јавен оглас за површини до 3 хектари изнесува 25 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од I до IV катастарска класа и 15 евра во денарска противвредност за земјоделско земјиште од V до VIII катастарска класа, по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.
    Доколку земјоделското земјиште се наоѓа во планински подрачја, почетната цена за земјиштето од I до IV катастарска класа изнесува 15, а за земјиште од V до VIII класа изнесува пет евра во денарска противвредност, по среден курс на Народната банка на Република Северна Македонија на денот на уплатата.

    VI. ОБРАЗЕЦ ЗА УЧЕСТВО НА ЈАВНИОТ ОГЛАС (ПОНУДА)
    Образецот за учество на јавниот оглас (понуда), може да се подигне во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, подрачните единици на Министерството и од веб страната на Министерството и истиот треба да се пополни со сите потребни податоци и да се достави со потребната документација во затворениот коверт, во спротивно понудата нема да биде
    разгледувана.
    Понудувачот кој не е задоволен од извршениот избор по јавниот оглас може во рок од 15 дена од денот на приемот на одлуката, да покрене постапка пред надлежниот редовен суд.
    Понудите кај кои комисијата ќе утврди дека:

    • не ја содржат целата потребна документација во оргинал или фотокопија заверена на нотар (освен личната карта);
    • се поднесени по истекот на рокот за поднесување;
    • се доставени во означен коверт со кој би можел да се идентификува понудувачот;
    • се поднесени од лице кое нема право да поднесува понуди и
    • не се изработени според условите утврдени во јавниот оглас комисијата ќе ги отфрли како некомплетни.
      Понудите за земјоделското земјиште во државна сопственост за кое по службена должност Комисијата ќе утврди дека не се подмирени обврските од претходно склучените договори како и понудата која ќе биде доставена со понудена закупнина пониска од минималната закупнина утврдена согласно Законот за земјоделско земјиште нема да бидат разгледувани и Комисијата ќе ги отфли како недопуштени.
      Некомплетни и ненавремено доставени понуди по јавниот повик нема да се разгледуваат.
      Условите предвидени во бизнис планот (за правни лица), односно пазарните аспекти (кај физички лица) ќе бидат составен дел на договорот со избраниот понудувач како договорни обврски кои ќе биде должен да ги исполни во обемот, роковите и на начинот како што ќе бидат опишани во јавниот оглас.
      Секој понудувач може да достави само една оригинална понуда за учество на јавниот оглас со потребната документација од дел III на овој јавен оглас.

      VII. ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА
      Понудата и другата потребна документација се доставуваат во затворен коверт на кој во горниот лев агол треба да стои ознаката „не отварај, „Понуда по Јавен оглас 03/22 за земјоделско земјиште под закуп за површини до 3 хектари зо регион (се впишува регионот) и во средина „Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство ул. Аминта Трети бр.2 Скопје” во рок од 30 дена од денот на објавувањето на јавниот оглас во дневните весници. Ковертот не треба да содржи никаква ознака со која би можел да се идентификува понудувачот, односно испраќачот.

    До 3 хектари

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    На овој линк можете да видите како се бараат парцели на страната на катастарот на Македонија.

    Kатастарски парцели во Македонија

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img