Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Wednesday, October 5, 2022

More
    домаАгро советиКога е вистинското време за извлекување на кромидот од земјата

    Кога е вистинското време за извлекување на кромидот од земјата

    Кромидот се користи како храна повеќе од 4.000 години, но поради променливите временски услови и климата често се поставува прашањето кога е вистинското време за извлекување на кромидот од земјата.

    Кромидот е популарен сезонски зеленчук кој најчесто се одгледува од арпаџик, а поретко од семе. Иако станува збор за култура која лесно се одгледува, времето на бербата останува спорно. Ако се извади навреме, може да ни обезбеди храна во текот на есента и зимата. Ако се извади од земја порано, побрзо ќе скапува.

    Успехот во одгледувањето кромид зависи од правилното садење и грижа во текот на сезоната на растење. Кромидот по правило се сади веднаш штом може да се обработи парцелата. Богатата почва, постојаната влага и студените температури помагаат во развојот на луковиците. Се поставува прашањето кога е вистинското време за извлекување на кромидот од земјата.

    Извлекување на зрел кромид

    Кромидот зрее од крајот на јули до средината на август, но понекогаш се случува извлекувањето да започне и порано. Затоа е важно да се следи неговата состојба. Физиолошката зрелост се јавува пред целосното сушење на зелените листови, меѓутоа, масата на главиците продолжува да се зголемува поради трансферот на хранливи материи на отворените сочни листови на главицата. Поради квалитетот на главицата, која е важна за складирање и фактот дека зголемувањето на тежината продолжува и по нејзиното отстранување, екстракцијата започнува кога ќе полегнат 50% од растенијата.

    Покрај тоа што би знаеле кога да го извадите кромидот од земја, важно е да знаете и како да го извадите, бидејќи не сакате да го оштетите. Кромидот треба да се отстрани од земјата рано наутро, кога надвор не е премногу топло. Внимателно извлечете го кромидот од земја за да не се скршат листовите. Ако почвата не е растресита и не можете да го извлечете, користете рачна алатка како мотика. Откако ќе го извадите кромидот, нежно протресете го за вишокот земја да падне од коренот.

    извлекување на кромидот од земјата

    Чување на кромид

    Многу е важно да го исушите кромидот пред да го ставите во просторот за складирање. За да го исушите кромидот, распоредете го на чиста, сува површина во добро проветрено место. На кромидот му требаат најмалку две до три недели стврднување или додека врвовите на вратот целосно не се исушат, а надворешната кожа не стане малку крцкава.

    По завршувањето на сушењето, неопходно е да се отсечат врвовите околу 2,5 см над главата. Кромидот се чува во жичена корпа, гајба или најлонска кеса на место каде температурата е помеѓу 0-4 Целзиусови степени. Нивото на влажност треба да биде помеѓу 65-70 проценти. Ако просторот е премногу влажен, може да дојде до гниење. Повеќето сорти на кромид може да се чуваат до три месеци ако правилно се сушат и складираат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро совети, како и нашите социјални мрежи Facebook и Viber.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img