Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Thursday, November 21, 2024

More
    домаАгро ВестиЗЕМЈОДЕЛИЕ - ЕКОНОМИЈА - ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ

    ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ

    petel baner

    ОПШТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО

    Ли Иакока (Lee Iacoca) прочуениот топ менаџер на ФОРД и подоцна Крајслер, американец од италијанско потекло кој дејствувал од 60-тите до 90-тите години од минатиот век, во својата автобиографија ги наведува поуките од татко му кога бил дете кој го советува да во кризни времиња кога економијата е во колапс најсигурно и најдоходовно е да се занимава со некоја дејност од сферата на прехраната (на пример: сендвичара, …) затоа што луѓето, колку и да е тешка ситуацијата и безпарица, нешто мора да јадат. Овај совет во самата суштина го има допрено огромното значење на земјоделието. Тоа дава
    одговор на прашањето Зошто земјоделството (ако го усвоиме како производство на храна) е стратешка грана во рамките на секоја држава. Но ќе продолжам и со шпекулација: покрај стратешкото значење на земјоделието тоа е една од позначајните полуги на земјоделско моќните држави за политички и економски уцени кон послабите држави и воопшто за протежирање и водење на соодветна земјоделска политика кон останатите држави се до нивното економско покорување. Со земјоделието нема играње. Тоа е многу сложена дејност во која се испреплетени многу струки и политики кои заедно со носечката струка, а тоа е земјоделието во потесна смисла на зборот, треба и мора добро да се упарени за да може без некои малигни проблеми течно и на долг рок да функционира и дава резултати. Земјоделието треба секогаш да е во функционална комбинација со економијата, менаџерството, метеорологијата, хемијата и земјоделската фармација, машинството, IT секторот, трговијата, преработувачката индустрија, правото и т.н.. Но реално, на терен ситуацијата е уште посложена и понеизвесна. На пример: политиката и одбирањето на семе и семенски материјал, борба со паразитите и плевелот кои можат да го уништат родот, неповолните временски услови како премногу влага или поплави, суша и слично. Сето ова се закани кои можат
    целогодишниот труд и материјални средства да го анулираат а што е уште потрагично, човекот да остане без род. Во минатото, неродните години биле плаќани со најскапата можна цена а тоа е гладот и смрта од гладот на
    населението. За жал, ова инцидентно го имаме и денес кај некои држави како на пример Северна Кореја. Нема играње со земјоделието. Секогаш грешките, незнаењето, неповолните временски состојби и нефункционалната логистика
    (економија, право, ….) исклучително скапо се плаќаат. А за инфериорноста на државата на политички план и да не говориме иако тоа спаѓа во квалификацијата на престиж и е во втор план т.е. не е од функционално
    значење, што но не е безначајно и наивна категорија.

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    Otkup na kompiri

    ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ЕКОНОМИЈАТА

    Земјоделието по својата природа е трудовоинтензивна дејност. Квалификацијата на земјоделецот (директниот земјоделец) може да биде ниска и најчесто е ниска. Нема потреба од познавање на некои високи вештини за да се биде земјоделец во потесна смисла на зборот. Ова веднаш повлекува мала додадена вредност на производот а самото тоа значи и мал профит. Во пракса, успех е и самото работење на границата на позитивна нула за што ќе стане збор подолу во текстов. Но најголемото проклетство на земјоделското производство е малиот обрт на капиталот. Имено, тој во општ случај е еднаш
    годишно. Значи, од моментот на припрема на земјиштето за сеидба до берење на плодовите поминува безмалку околу една година. Кога на ова ќе се додадат сите трошоци во подигнувањето и одржувањето на насадот, тогаш навистина
    позитивна сметка на крајот на годината тешко излегува. А цените на готовите земјоделски производи од социјални причини мора да се достапни за населението и обично за стратешките производи се под контрола на државата од што следува дека најчесто за стратешките производи позитивниот финансиски биланс е мислена именка, особено кај нас во Македонија. Но не е само овај единствениот проблем за високата цена на чинење на земјоделските производи. Тука е и слабата или никаква примена на современата наука преточена во избор на соодветен семенски материјал и заштита од разни
    штетници. Ова особено е присутно кај самостојните земјоделци толкувајки ги овие помошти како чиста загуба и непотребно трошење на пари. Како сериозен проблем на ова може да се додаде и неорганизираноста на производителите
    во земјоделски задруги при што би се обединиле парцелите и би се инсталирала политика на производство, но кај нас секој по сопствено наоѓање и без консултација со стручњаци си сади на својата парцела производ по свое
    наоѓање. Обединувањето на земјоделските парцели има и еден економски бенефит а тоа е намалување на трошоците за обработка на земјата и подигнување на производот или насадот. Сите овие причини како последица имаат висока цена на чинење на производот или со други зборови кажано низок принос. Една блиц споредба: во Македонија приносот на пченица од еден хектар (земјоделска парцела од 100х100 метра) е околу 7-9 тони. Во Војводина приносот е 11-13 тони а во САД е околу 17 тони. Директна последица на ова е неконкурентноста на нашите земјоделски производи на
    светскиот пазар и барање на корективни мерки или мерки за преживување како државни субвенции, забрана за увоз на странски производи, загарантирана цена или загарантиран откуп. Со други зборови, има големи тешкотии
    пласманот на нашиот земјоделски производ.
    Овде е многу добар момент да се осврнам на субвенциите за земјоделците како коректив на нефункционалното земјоделие. Но најнапред да го разјаснам терминот субвенција. Според објаснувањето на оваа одредница во Хрватската Општа и национална Енциколпедија субвенција е паричен износ во големина на разликата од цената на чинење на земјоделскиот производ и неговата продажна цена кој го покрива државата а многу ретко некое приватно
    лице. Или погрубо речено, она што е субвенција за државата тоа е дампинг цената за приватната фирма. Во суштина тоа е алокација на средствата. За што се работи? Ако од икс причини цената на чинење на земјоделскиот
    производ е многу висока а со тоа тој не е конкурентен на слободниот пазар, тогаш за да биде продаден тој земјоделски производ по пазарна цена која е пониска од цената на чинење, се намалува продажната цена на тој производ а
    разликата до цената на чинење ја плаќа државата. Причините за високата цена на чинење можат да бидат многубројни но најчесто се субјективни како лоша аграрна политика, слаби приноси, неупотреба на современа агротехника,
    расцепкани земјоделски површини, некористење на современа агротехничка заштита на посевите од паразити и плевел, суета на земјоделците и слично. Субвенцијата има смисла само како краткорочна дотација за да се оневозможи
    банкрот на земјоделецот доколку не по негова вина го задеси неприлика или губење на поголемиот дел од родот. Субвенцијата е еден вид на гаснење на пожар. Таа не е трајно решение затоа што во принцип земјоделецот нема да се
    бори за ефикасно земјоделско производство ако знае дека разликата во цената
    ќе му биде покриена од државата. Исто така, во нормални услови еднократни субвенции се даваат за поттик на производство на одреден земјоделски производ. Но во својата суштина, субвенцијата има негативна конотација и игра
    дестимулативна улога во унапредувањето на земјоделското производство. Или, субвенцијата не е долгорочно решение. Долгорочно решение е соправување со конкуренцијата со ниски цени и висок квалитет на земјоделскиот производ. Неспособноста пресликана во незнаење, незалагање, суета, инаети и слично никој не ги толерира а најмалку субвенцијата е решение за тие проблеми. Ова на големо го гледаме во домашното земјоделско
    производство, за жал. На крајот од овој дел да се осврнам и на многу користената и злоупотребувана а истовремено и најомилена мерка за заштита на земјоделското производство а тоа е забраната за увоз на некој производ. Кај
    нас омилена мерка на земјоделците е кога ќе стигне родот за тој да биде продаден по цената на чинење која е многу висока да издејствуваат од Владата забрана за увоз на тој производ. Логиката е дека на пазарот ќе има
    недостиг на тој производ и преработувачите на тој производ ќе мора принудно по цена на чинење одредена од земјоделецот-производител да му го купат производот (значи по поскапа цена која е исплатлива за домашните
    земјоделци). Тоа е најблаго речено криминал и отсуство на секаква економска логика. Цената на земјоделскиот производ ја одредува пазарот а мали варијации и козметички корекции може да направи Владата. Ако се дозволи
    цената на земјоделскиот производ да ја одредува земјоделецот, тоа е спротивно елементарната економска логика и тоа де факто ќе се претвори во дивеење на земјоделецот затоа што тој нема да се залага да ја намали цената
    на чинење на производот, да го наголеми неговиот квалитет и со тоа принудно го прекинува циклусот на производството во целина гледано (во друг сегмент) што резултира со крах на стопанството. Единствен лек за оваа ситуација и
    превентива од дивеењето на земјоделците е отворен пазар и увоз на конкурентните земјоделски производи. Еве еден пример: македонските производители на пченица кога ќе стигне родот бараат таа да биде откупена од
    мелниците за околу 13 денари за килограм (податоци од 2019 година). Викаат толку им е цената на чинење на производот и некоја заработка. Мелниците оваа цена не можат да ја платат оти тие пак се лимитирани од цената на лебот
    кој е под контрола. Ако пак Владата не ја контролира цената на лебот, тогаш мелниците за да ја платат пченицата по 13 денари за килограм ќе траба да ја наголемат цената на лебот. Ако ја наголемат цената на лебот ќе има социјални
    немири и општа нестабилност со несогледливи штети по државата. Значи, наизглед ситуацијата нема решение. Причина е високата цена на пченицата. Сега, Војводина нуди пченица франко било која дестинација во Македонија по
    8-9 денари за килограм. Оваа цена на мелничарите им одговара. Ако Владата дозволи увоз, тогаш македонската пченица останува непродадена. Таа нити во странство не може да се продаде оти е со висока цена. Родот отиде во неповрат. Заклучок: нема опстанок на пазарот на земјоделски производи доколку не се инсталира современо земјоделско производство со сите нишани при што нема да има опасност од увоз на земјоделски производи и уште повеќе, со ниски цени нашите земјоделски производи ќе се конкурентни и на светскиот пазар. Нема бегање од наука, современа техника, многу залагање и паметно делување и производство. Ништо друго не е трајно решение: нити забрана за увоз, нити субвенции и т.н.. А да не говориме за правните обврски и договори со меѓународни договори за слободен пазар за што ќе стане збор во
    следното поглавје. Поука: или произведувај по светски стандарди и на комерцијален начин одржувај го своето производство како земјоделец или воопшто не произведувај и не прави штети во домашната економија оти производството ќе треба да оди на буниште (ова во општ случај).

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И ПРАВО

    Без сомнение е фактот, поточно перцепцијата, дека правото е еден моќен општествен регулатор со двојни стандарди. Од една страна онтолошки најмногу сличи на математиката и формалната логика но истовремено е толку непредвидлива и скоро политикантски практична на терен (ова условно да се земе) што наизглед проблемите немаат правно решение или извесна правна разврска што е рак рана за процесите во општеството. Од тука, ако се има амбиција да се твори и да се вклучи човекот во општествените текови правните норми треба да се имаат на знаење но НИКАКО на нив слепо да се покоруваме
    оти со тоа го подготвуваме нашиот банкрот. Значи, правото се практикува а не фактогравски или напамет да се учи (впрочем затоа постојат судовите и тие кажуваат дали некој е виновен или не). Сето ова преведено во земјоделитето
    изгледа вака: наша перцепција е дека ги имаме ние најубавите земјоделски производи, т.е. најквалитетните. Одиме ние со нив на светскиот пазар и веднаш лабораториските испитувања покажуваат незадоволителни или проблематични резултати и ни ги враќаат назад. Ова е чиста правна ситуација во реално време. Значи, се додека не влеземе во играта ние не знаеме како пазарот ќе реагира иако имаме некои сознанија. Да ја продлабочиме прикаскава: но ако ги засукаме рацете, примениме наука и современа агротехничка механизација, ние и цената на чинење ќе ја намалиме и квалитетот на производот ќе го наголемиме што значи дека веќе имаме изгледи за успех на светскиот пазар или на слободниот пазар. лабораториите ќе дадат зелено светло а странските купувачи ќе го купат производот. Имено, државите увозници на прехрамбени производи максимално го штитат здравјето на своите граѓани. Но ние ништо со сигурност не можеме да предвидиме сѐ до оној момент кога нашите земјоделски производи ќе се најдат во нивните
    лаборатории. Математички гледано нашите производи се најдобри но сѐ до добивањето на валиден лабораториски сертификат за квалитет нашите производи се неизвесни во смисол да се најдат на нивните продажни витрини.
    Кога на ова ќе се додаде и политиката која несомнено знае да ја има и да
    комплицира и покрај правно регулираните односи на тој пазар, тогаш ништо не
    се знае сѐ додека не се влезе во пазарната игра. Легитимно е секоја држава да си го штити сопственото население
    дозволувајќи на нејзините пазари да се најдат земјоделски производи кои се
    проверени и во согласност со националните прописи за квалитет. Ако на ова се додадат и можните шпекулации со субвенционирани цени кои имаат задача да ја уништат соодветната индустриска или земјоделска гранка на државата во
    која се извезува (нелојална конкуренција) тогаш единствен спас е во правото и
    меѓународните судови и меѓународното право како состојбите не би ескалирале до точка на вриење. Историјата е полна со вакви примери. Едноставно, нема куртулвачка од правото. Нема исто така, заобиколување на
    правото. Секоја дејност мора да се практикува согласно правните процедури. Истото важи и за земјоделието.

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    ЗЕМЈОДЕЛИЕТО И СОВРЕМЕНА АГРОТЕХНИКА

    Денешното модерно високопродуктивно земјоделие не може да се замисли без примена на современа агромеханизација во сите домени на земјоделското производство. Без современа механизација, земјоделското производство би било инфериорно, екстензивно и без очекуваните резултати. Ова директно влијае врз приносот и врз цената на чинење на земјоделскиот
    производ. Самоубиство е да не се ползуваат до максимум современите технички достигнувања на ова поле. Современата механизација овозможува брзо, квалитетно и рационално извршување и на најтешките земјоделски
    операции со минимум вложени човечки напори. Тоа ослободува работници кои можат да се пренасочат во извршување на други помошни дејности. Се знае дека индустриски супериорните држави имаат и супериорно земјоделско
    производство по сите параметри. Колку повеќе се користи современа техника толку повеќе производот е со помала цена на чинење а приносот е поголем. Во оваа смисла спаѓа и современата хемија која го штити и зачувува плодот од
    разни штеточини и плевел како и друга напаст. Овде е добро место да се направи и еден осврт и даде едно мислење за земјоделието и транспортот и да се одговори на прашањето како ние во Македонија секој ден се подлабоко и подлабоко пропаѓаме во живиот песок од што не гледаме решение а причината за тоа не се немањето средства туку е
    немањето на идеји и знаење. Имено пред околу еден месец (сега е октомври 2020 година) Влатата на Македонија на големо најави дека средствата во висина од околу 50 милиони Евра наменети за Штипскиот карго аеродром ќе ги
    пренамени за инфраструктурни градби како канализација, водовод и слично а карго аеродромот во Штип нема да се гради оти немало потреба од него (значи, наместо да се гради аеродром кој носи приходи и од нивното
    оданочување да се градат инфраструктурни објекти во континуитет, Владата наша смета дека најдобро е тие средства дирекно еднократно да се вложат во инфраструктура која не носи приходи, т.е. не се оплодува! Каков
    парадокс!!??!!). Со размислување може да се дојде до одговорот на оваа одлука: имено, што ќе ни е нам аеродром за земјоделски производи кога во овој момент нашите земјоделски производи се со висока цена, потоа, не ги
    исполнуваат нормите за квалитет од земјите во кои ќе ги извозуваме и на крајот немаме билатерални договори за извоз на земјоделски производи во тие земји. Ова е екстензивно размислување со популистички елементи кое е
    вистинско самоубиство. За немањето на договори за извоз на земјоделски производи највиновни се политичарите, за високата цена на нашите земјоделски производи највиновна е аграрната политика и немањето на
    знаење од сферата на организација на земјоделското производство а за неисполнувањето на квалитетот на нашите земјоделски производи највиновна е нашата наука. Ова е во општ случај. И наместо да почнеме овие проблеми да
    ги решаваме а паралелно со тоа и да го градиме карго аеродромот во Штип, ние го одбираме полесниот и воедно погубен пат а тоа е да се повлечеме во илегала и да не учествуваме во пазарната игра во светски рамки на пазарот на земјоделски производи. Значи, идејата за карго аеродром не е лоша. Дури е и одлична, но таа има смисла само ако се решат и другите проблеми што го прават нашето земјоделско производство инфериорно. Ете како самите себеси од незнаење и немање на воља за разрешување на проблеми си се ставаме во сенка и си ги комплицираме работите. За ова, никој од страна не ни е виновен и никој друг (мислам на НАТО и ЕУ) нема да ни ги реши тие проблеми. Тоа е наша задача и наша борба. Или уште подиректно: ете ја нашата (Македонската) трагедија; а вака е и во другите стопански сфери – чест на исклучоците.

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    ДАЛИ ЗЕМЈОДЕЛИЕТО Е БИЗНИС ИЛИ НАЧИН НА ЖИВОТ

    Денеска е депласирано да се зборува на оваа тема. Во 21 век, со овој развој на техника, со овај слободен пребирлив, образован и разгален пазар и
    потрошувачи, ако бизнисот во општ случај не е и начин на живот, тогаш сигурно следува банкрот. Оној момент кога пребирливиот потрошувач нема да види страст во вашиот бизнис и вашиот производ (а тоа многу добро се гледа),
    тогаш тоа е почетокот на вашиот крај. Банкротот е пред порта. Не може нешто успешно да се работи а притоа да се биде подобар од конкуренцијата што е билет кој гарантира опстанок и одржување на стекнатата позиција ако притоа
    тоа не се работи со љубов и не е начин на живот. Опстанува оној кој од сесрце работи, оној кој внесува љубов и страст во своите производи и оној кој бизнисот го разбира како начин на живот. Пример се Бил Гејтс и Стив Џобс кои понекогаш и спиеле во своите канцеларии и работилници. Примеров е тривијален ама го отсликува она на што целам (нишанам).

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    ЗАКЛУЧОК

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    Како заклучок ќе го кажам следново: иако земјоделието учествува со околу 1-2% во БДБ на ЕУ, таа е стратешка дејност. Едноставно без земјоделие не се може. Таа е клучот за стабилноста на една држава, една од основните
    полуги на политиката дури и за гнасни цели како предизвикување на војни, и секако еден лакмус за вистинските состојби во општеството. Земјоделитето по својата суштина е исклучително сложен механизам кој впрегнува многу ресурси
    за свое несметано функционирање како машинска индустрија, наука, право и економија, транспорт и шпедиција и т.н.. Во тоа како е организирано и ефиказно земјоделското производство во една држава се познаваат средените и комплетни државни како модерни функционални устројства со сите нишани.

    agrounik

    Автор: Томе Скендеровски, дипл. маш. инж.

    Томе Скендеровски

    Локација: Охрид, Македонија
    Од авторот: Ќе го изнесам овде во главни црти моето мислење за
    земјоделието во функција со економијата. Овa се мои необврзувачки и лаички
    размисли и сознанија кои се таложени и созревани со децении. Податоците во
    главно се точни и се од разни извори како сум наидувал на нив, но кај повеќето
    примери не можам да го наведам нивниот извор со оглед дека не сум ги
    запишувал како сум ги дознавал.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    – ЗЕМЈОДЕЛИЕ – ЕКОНОМИЈА – ПРЕДИЗВИЦИ И ПРОБЛЕМИ –

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img