Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

5.8 C
Skopje
Tuesday, October 4, 2022

More
    домаАгро советиПраменка - овчеполска автохтона раса

    Праменка – овчеполска автохтона раса

    Праменка раса на овци спаѓа во примитивните раси на овци која е со слаби физиолошки својства, која настанала во оскудни услови на исхрана и нега.

    Оваа сорта на овци долги години добро се адаптирала на овие простори. Многу е отпорна и издржлива. Праменка некогаш била широко распространета низ цела Европа, но интензивниот начин на одгледување и производство на попродуктивните раси ја исфрлила од одгледување и се задржала само на Балканскиот полуостров. Постојат повеќе видови на праменка кои се разгледуваат по големината, приносот, квалитето и бојата на волната.

    Главна карактеристика на овие овци се: имаат долга глава, овците се шути и ретко рогати а овновите по правило се рогати. Тежината им се дижи од 30 до 60 килограми. Производството на млеко на праменката е релативно мала, значително варира помеѓу соевите (од 40 до 100 литри во лактација од 6 месеци). Ова најмногу зависи и од исхраната со која се хранат овците.

    Тежината на волната во просек изнесува 1.4 килограми. Бојата на волната е најчесто е бела но може да биде и црна.

    Плодноста на праменката е релативно добра. Од 100 објагнети овци се добива 100 до 110 јагниња. Породилната тежина ја јагнињата е помеѓу 2 и 4 килограми. Јарињата се отпорни и морталитетот им е многу низок.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Квалитетна резидба – квалитетен режач
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...Караман – македонско овчарско куче
    spot_img
    spot_img
    spot_img