Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Friday, November 22, 2024

More
    домаАгро ВестиНиз ЕУ веќе изгореа повеќе од 600.000 хектари шуми

    Низ ЕУ веќе изгореа повеќе од 600.000 хектари шуми

    petel baner

    Ова лето, ширум ЕУ, шумските пожари изгореа површина двојно поголема од Луксембург или 600.000 хектари шуми. Иако регионот е само на половина пат од сезоната на пожари, тоа е втора по големина изгорена површина од почетокот на евиденцијата.

    Десетина европски земји годинава имаа големи пожари кои резултираа со евакуација на луѓе, уништени домови и деловни објекти.

    Otkup na kompiri

    Некои земји, вклучувајќи ги Италија, Шпанија и Франција, продолжуваат да се соочуваат со сериозни ризици од пожари.

    Податоците покажуваат дека годинава во земјите на ЕУ изгореле 600.731 хектари. Тоа е втора по големина област од 2006 година, кога започна собирањето податоци.

    Во 2017 година низ ЕУ изгореа рекордни 987.844 хектари

    Се наведува дека во 2022 година изгорела површина два пати поголема од Луксембург. Се посочува дека ниту една година претходно во Европа таква површина не изгорела до август.

    Сезоната на пожари во медитеранскиот регион обично трае од јуни до септември.

    Климатските промени придонесоа за избувнување на пожари. Се потоплото и суво време придонесува пожарите да се шират побрзо, да горат подолго и поинтензивно.

    Потоплото време ја зема влагата од вегетацијата и ја претвора во суво гориво. Во многу региони нема доволно луѓе да ја исчистат таа вегетација.

    Професорот Виктор Реско де Диос од шпанскиот универзитет во Леида рече дека големите пожари во Франција и Португалија на почетокот на јули се „исклучително невообичаени“. Тие покажуваат како климатските промени предизвикуваат сезоната на пожари да започнува порано и да трае подолго.

    – Денешните пожари во Медитеранот веќе не можат да се изгаснат… Големите пожари стануваат се поголеми и поголеми – рече тој.

    agrounik

    ЈРЦ регистрира податоци за пожари кои зафаќаат повеќе од 30 хектари. Ако се вклучат и помали, вкупната опожарена површина е поголема.

    Јужноевропските земји како Португалија и Грција бележат пожари во поголемиот дел од летото, но високите температури предизвикуваат огромно зголемување на ризикот од пожари на северот, а Германија, Словенија и Чешка се меѓу погодените од пожарите оваа година.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Исто така, се наведува дека некои активности можат да помогнат да се ограничат големите пожари, како што се започнување контролирани пожари со низок интензитет.

    Сепак, научниците се согласуваат дека без напредок во намалувањето на емисиите на стакленички гасови, кои предизвикуваат климатски промени, топлотните бранови, шумските пожари и другите климатски влијанија значително ќе се влошат.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber. 

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img