Понудата на веганските производи тројно се зголемила во периодот од 2013 до 2018 година. Во Велика Британија половина од населението во исхраната додало замени за месо. Речиси една третина се одлучува за алтернативно млеко, како соја, бадемово или оризово млеко, пренесува Euronews.
Многу од овие замени од растително потекло се класифицирани како храна која е високо преработена за да се подобри вкусот и да се намали расипувањето. Често е богата со сол, шеќер и заситени масти, со дополнителни бои, конзерванси и адитиви.
Во Франција, таквите преработени производи сочинуваат 39,5 проценти од вкупниот внес на калории во типичната веганска исхрана. Тоа е повеќе отколку во случајот со класичните оброци на вегетаријанците и оние кои јадат месни производи. Според една студија во Германија, иако вкупната потрошувачка на ултра-обработена алтернативна храна е мала, 39,1 отсто од веганите и вегетаријанците ја јадат барем еднаш месечно.
– Откривме дека во веганската и вегетаријанската исхрана има повеќе преработена храна отколку што мислевме – изјави д-р Антје Рисиус, која беше коавтор на оваа студија минатата година.
Би-Би-Си неодамна истакна неколку здравствени ризици кои би можеле да се поврзат со високо преработената храна. Ова ги вклучува кардиоваскуларните болести, дијабетес, мозочен удар и дебелина.
Кога станува збор за замените за месо од растително потекло, некои истражувачи истакнуваат дека овие производи имаат помалку заситени масти и повеќе влакна од месните еквиваленти.
Сепак, не сите алтернативи за месо се создадени еднакви. Во 2018 година, беше откриено дека многу замени од растителна основа имаат висока содржина на натриум. На пример, некои веге хамбургери продадени на британскиот пазар во тоа време имале три пати повеќе сол од една кеса чипс.
– Не можеме да кажеме дека овие замени се навистина поздрави од месото, бидејќи тоа зависи од видот на месото. Кога ќе ги погледнете колбасите од зеленчук, имате и лош ефект врз здравјето – изјави Рисиус.
Експертите генерално им препорачуваат на сите потрошувачи минимално преработена храна – вклучувајќи конзервирани и замрзнати производи, свеж леб и интегрални житарки, и да не ги заменуваат со високо преработена храна, која има мала хранлива вредност кога доминира во нашата исхрана.
Здравата исхрана е за рамнотежа, изјави нутриционистот Роуз Вајлс. Некои преработени намирници се погодни да ја пополнат монотонијата на исхраната.
Тофуто, на пример, се смета за здрава преработена храна бидејќи е минимално обработена и ги задржува повеќето хранливи материи.
– Тие се и добри извори на протеини, железо и калциум, кои се важни хранливи материи за веганите.
За повеќе корисни стории посетете ја рубриката храната како лек, како и нашите социјални мрежи Facebook, Viber и Telegram.
Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK