Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

21.8 C
Skopje
Tuesday, April 30, 2024

More
    домаАгро ВестиПојава на африканска чума во три кумановски села

    Појава на африканска чума во три кумановски села

    petel baner

    Африканска чума кај свињи е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште во кумановското село Долно Којнаре.

    Во селата Умин Дол, Љубодраг и Ново Село откако се пронајдени угинати свињи кај депонијата кај Никуштак се спроведува вонреден попис и клинички се прегледуваат одгледувалиштата.

    Во овие три села важи забрана за колење животни во домашни услови до добивање негативен резултат.

    Агенцијата за храна и ветеринарство информирадека во кумановското село Долно Коњаре, африканска чума е регистрирана и лабораториски потврдена во едно одгледувалиште со 26 животни, каде се угинати две животни.

    Во ова село Агенцијата дефинирала две зони од три и десет километри околу жариштето каде согласно донесеното решение ќе се преземат соодветни заштитни и контролни мерки. Околу жариштето, во ова село спроведена е мерка убивање и нештетно отстранување на четири свињи и 20 прасиња.

    – По пронаоѓањето на угинати свињи на депонијата во село Липково по пријава на граѓанин, за кои лабораториски се потврди присуството на болеста. Во селата Умин Дол, Љубодраг и Ново Село, се спроведува вонреден попис. Како и идентификација на животните, клинички прегледи на секое одгледувалиште со свињи. Овде на сила е забраната за колење на животни во домашни услови до добивање на негативен резултат. Со него се потврдува дека свињите не се заразени со вирусот на африканска чума. А животните кои ќе покажат знаци на болеста ќе бидат убиени. И нештетно отстранети со земање на мостри за лабораториско тестирање, соопштија од АХВ.

    Agrobot
    Ветеринарните друштва активно се вклучени на терен. Преку спроведување на мерките за попис на одгледувалиштата, идентификацијата на животните. Евтаназија заедно со официјалните ветеринари и се земаат мостри за лабораториско испитување.

    Од Агенцијата потсетуваат дека согласно Законот за ветеринарно здравство и правилникот за мерки за сузбивање и искоренување на африканската чума кај свињите. Во случај на потврда на болеста една од контролните мерки се врши убивање на свињите и нивно нештетно отстранување под надзор на официјален ветеринар. Убивањето се врши на начин со кој се избегнува ризикот од ширење на вирусот на африканска чума кај свињите.

    – Со донесените решенија за спроведување на контролни и заштитни мерки дефинирани се зоните (контролна и зона под надзор). Свињите од заштитните зони (три километри) се убиваат и нештетно се отстрануваат. Ова се однесува на фармите со висок ризик односно за оние одгледувалишта кои немаат имплементирано високи биосигурносни мерки. Одгледувалиштата кои имаат имплементирано високи биосигурносни мерки имаат можност свињите економски да ги искористат со колење. Кое ќе се изврши во кланица со која АХВ има склучено договор, велат од Агенцијата.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Оттаму нагласуваат дека свињите од одгледувалиштата од зоната под надзор (10 километри) се откупуваат од страна на кланиците со кои АХВ има склучено договори. Месото од закланите животни кланиците имаат обврска да го предадат на преработувачките капацитети за термичка обработка. И од зоните под надзор во радиус од десет километри околу жариштата. Каде согласно донесените решенија се спроведуваат мерки за депопулација, свињи можат да се колат и за домашни потреби. Но исклучиво под надзор на официјален ветеринар и со задолжително лабораториско тестирање на месото. За одземените и убиените животни на одгледувачите Агенцијата за храна и ветеринарство им исплаќа паричен надомест за различните категории животни. Согласно Упатството за определување на пазарната вредност на животните кои се одземаат заради искоренување на заразни болести на територијата на Република Македонија.

    – Африканската свинска чума не е зооноза – болест која е опасна за луѓето. Но. е високо заразна за домашните и дивите свињи кои се сметаат за главен резервоар на болеста. Луѓето можат да бидат преносители на болеста. Неопходна е крајна внимателност од страна на одгледувачите на свињи и имплементирање на високи биосигурносни мерки на фармите. Со цел да се спречи внесување и ширење на вирусот на фармите. Онаму каде е потврдено присуство на болеста неминовно е почитување на дефинираните контролни и заштитни мерки. Со цел спречување на ширење на вирусот во регионите каде тој не е присутен. Во однос на консумирањето на месо, но, само од аспект на спречување на можноста од пренесување на вирусот, а не и по здравјето на граѓаните, безбедно е месото кое е термички обработено, велат од АХВ.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img