Моркови се најраспространетата градинарска култура кај нас, која спаѓа во групата на коренести зеленчуци.
Морковот е двегодишно растение, кое во првата година развива задебелен, сочен корен, поради кој и го одгледуваме.
На почви со слаба структура, растот на коренот е отежнат, па често доаѓа до неправилен раст, а отежнато е и вадењето на морковите.
Почвата, на која во текот на неколку години се одгледува зеленчук, како на пример зелка, краставици, пиперки, домати и слично, е многу погодна за одгледување на моркови.
Морковот може да се одгледува во сите наши краеви. Според должината на вегетацијата разликуваме: рани и средно касни сорти. Ако не е премногу студено и ако почвата е соодветно влажна, раните сорти се сеат од крајот на февруари и март.
Средно раните и касните сорти се сеат од мај до крајот на јуни. Касните сорти растат подолго време и даваат поголеми плодови. Во медитеранските подрачја морковите се сеат од рана пролет до есен.
Сеење моркови
Семето на морковот никнува многу бавно. За да никне побрзо, треба прво да се натопи и да се чува на собна температура (18-22°C), и тоа 1-2 дена, па после тоа се сее и тоа во редови на растојание од 20 – 25 cм.
Штом ќе никнат, растенијата треба да се проретчат на растојание 8 – 10 cм што зависи од сортата. Некои ситни сорти на моркови можат да се сеат и погусто. За да се насее површина од 1 м² потребно е 2 – 8 грама семе ( зависно од густината и сортата). Почвата на која ќе се сеат моркови треба длабоко да се прекопа, обично до 20 см. Со тоа ќе се обезбедат добри услови за развој на коренот бидејќи почвата ќе биде растресита.
Пред сеидбата се користи комплексно минерално ѓубриво NPK 7:14:21, и тоа 150 g/m², а со второто окопување повторно се прихрануваат. Грижата при одгледувањето на морковите се состои во проретчување, окопување, плевење и прихранување.
Морковите се вадат кога времето е суво, бидејќи ако ги извадиме влажни, тие побрзо гнијат. Поситните сорти можеме да ги корнеме со рака, а покрупните треба да се вадат со мотика.
Приносот на морковите зависи од сортата, па така: раните мали сорти можат да дадат 1 – 2 кг, а подоцните и покрупните околу 2,5-5 кг од еден метар квадратен површина.
За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Вибер.