Како главна причина се наведува пониското производство во САД, Европската унија и Украина. За разлика од нив, се удвојува проекцијата за кинески увоз.
Сушата како најголем проблем
Пченката, поточно САД како најголем светски производител, е оштетена најмногу од сушата оваа година. Тековната прогноза покажува дека приносот се намалил за 5,4 милиони (во споредба со претходната година) и изнесува 368,5 милиони тони. Што се однесува до ЕУ, според последните податоци, производството е намалено од првичните 62,6 на 60,1 милиони тони, најмногу заради намалените приноси во Романија, од 10,4 на 7,1 милиони тони. Големи проблеми со сувото време имаа и украинските производители, кои годинава произведоа 30 милиони тони, што е за 3 милиони помалку од претходната година.
Зголемена е прогнозата за кинески увоз на оваа култура на 16 милиони тони, што е двојно повеќе од претходната проекција. Да потсетиме, поради недостиг на пченка во земјата, трговците се принудени да увезуваат од странство за да ги снабдуваат домашните производители на сточна храна и земјоделците. Во првите девет месеци од годинава, увозот на јачмен, пченка, и пченица во земјата скокна 83,3%, на 20,86 милиони тони, според царинската управа, и се очекува рекорден откуп на земјоделски култури. По мај, увозот се интензивираше бидејќи некогаш огромните залихи беа исцрпени за краток временски период, а неповолните временски услови ја оштетија овогодишната пченка. Купувачите резервираа околу 17 милиони тони од тоа жито за 2021 година, и се подготвени да купат повеќе, со што Кина ќе се најде заедно со Јапонија како втор најголем увозник на оваа култура во светот.