Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

-0.2 C
Skopje
Sunday, November 24, 2024

More
    домаАгро ВестиЗа заштита на светските екосистеми потребни се 384 милијарди долари годишно

    За заштита на светските екосистеми потребни се 384 милијарди долари годишно

    petel baner

    Инвестициите во заштита и подобро управување со светските екосистеми треба да достигнат 384 милијарди долари годишно до 2025 година. Ова е со цел да се заштитиме од заканите од климатските промени и губењето на природните ресурси. Објави организацијата за заштита на животната средина на Обединетите нации.

    Ова е над два пати повеќе од сегашното ниво на инвестиции.

    Otkup na kompiri

    Оваа пресметка на ОН ќе биде претставена на самитот за биодиверзитет кој ќе започне следната недела во Монтреал. Таму земјите ќе се обидат да се договорат да ја заштитат природата и дивиот свет од понатамошн деградација.

    Во моментов, 154 милијарди долари се трошат годишно, главно од владите, за активности за заштита и подобро управување со прородата. Познати се како „решенија засновани на природата“, се вели во извештајот на Програмата за животна средина на ОН (UNEP).

    – Средствата ќе треба да се зголемат неколку пати ако сакаме да се справиме со тројната криза на деградација – земјиште, клима и природа – рече Иво Мулдер, раководител на единицата за финансирање на климата на УНЕП.

    Тој изјави дека „околу 50 отсто од глобалниот бруто домашен производ (БДП) зависи од здрави и добро функционални екосистеми. Така ова не треба да биде преголем товар дури и ако минуваме низ повеќе кризи“, како што е конфликтот во Украина и порастот на инфлација.

    Повеќе од 100 земји минатата година во договорот потпишан во кинескиот град Кунминг ветија дека ќе работат на заштита на биолошката разновидност. Сепак не успеаја да се договорат за прашања како што се финансирањето за да се спречи расипничкото користење на ресурсите во посиромашните земји.

    agrounik

    Овогодинешниот состанок требаше да се одржи во Кунминг. Но местото на одржување беше променето поради политиката на Кина за нулта ковид. Кина ќе остане претседавач на самитот.

    Светските лидери последен пат потпишаа пакт за биолошка разновидност во Аичи, Јапонија, во 2010 година. Ниту една од целите што ги поставија да ги забават загубите на екосистемот до 2020 година не е исполнета.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Учесниците од приватниот сектор придонесуваат само со 17 отсто од финансирањето за решенија засновани на природата, и покрај нивната посветеност за намалување на емисиите на јаглерод и уништувањето на шумите, според извештајот на УНЕП.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Вибер.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img