Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

13.8 C
Skopje
Tuesday, October 1, 2024

More
    домаАгро ВестиЛовечки испит ништо без него

    Ловечки испит ништо без него

    petel baner

    Ловачки ипсит е првото нешто што треба да го добие некој што сака да биде ловџија. Ловечки испит е првиот документ што треба да се собере при аплицирање. Еве што се треба ако сакате да станете ловџија.

    Член 57

    Otkup na kompiri

    Дивеч може да се лови со претходна дозвола издадена од концесионерот на дивечот во ловиштето.

    Дозволата за ловење на дивеч е документ кој го содржи времето за нејзината важност, видот и бројот на дивечот дозволен за ловење и обврските на ловецот за време на ловењето и по извршеното ловење.

    Дозволатa за ловење на дивеч е со важност од еден ден.

    Дозвола за ловење на дивеч може да се издаде на лице кое има положено ловечки испит.

    Дозвола за ловење на дивеч може да се издаде на странски државјанин ако поседува соодветен документ за лов издаден од надлежен орган во неговата држава и писмена покана напишана на македонски и англиски јазик од концесионерот или од државен орган.

    Концесионерот на дивечот во ловиштето е должен да води евиденција за издадените дозволи за ловење на дивеч.

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство ја пропишува формата и содржината на образецот на дозволата за ловење на дивечот во ловиштето и начинот на водење евиденција на издадените дозволи за ловење на дивеч.

    Ловечкиот испит од член 57 став (4) од овој закон се полага пред стручна комисија што ја формира министерот за земојделство, шумарство и водостопанство.

    Обврската за полагање на ловечки испит од ставот (1) на овој член не се однесува на лица со висока или средна стручна подготовка од шумарска струка со положен ловечки испит по предметот ловство/ловно стопанство и на докторите по ветеринарна медицина со положен ловечки испит по предметот ловство/ловно стопанство.

    Испитот се полага заради проверка на потребното стручно знаење од областа на ловството.

    Право на полагање на ловечкиот испит имаат сите полнолетни граѓани на Република Македонија.

    I. Начин на спроведување на испитот

    Член 58-а

    Испитот се состои од два дела и тоа:

    – прв дел (теоретски дел), со кој се проверува теоретското знаење на кандидатите и

    – втор дел (практичен пример), со кој се проверува способноста од областа на ловството во практика.

    Испитот од став (1) на овој член се полага писмено по електронски пат, со одговарање на определен број прашања во вид на решавање на електронски тест на компјутер.

    Првиот дел од испитот ги опфаќа следните области:

    1) Закон за ловството;

    2) Морфологија и биологија на дивеч;

    3) Одгледување, заштита и користење на дивечот;

    4) Уредување на ловишта;

    5) Ловна кинологија;

    6) Ловечко оружје, муниција и ловна балистика;

    7) Ловење и користење на дивечот и неговите делови;

    8) Ловечки трофеи;

    9) Траги од дивеч;

    10) Штети од дивеч и на дивеч;

    11) Болести на дивечот и

    12) Незгоди во лов и прва помош.

    Вториот дел на испитот се состои од:

    – практичен пример и

    – прашања кои треба кандидатот да ги одговори врз основа на анализата на практичниот пример.

    Член 58-б

    Испитот се полага според програма во која се содржани градивото и прописите.

    Програмата за полагање на ловечкот испитот ја донесува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Член 58-в

    Прашањата од првиот дел од испитот и прашањата и практичниот пример од вториот дел од испитот ги верификува Комисија составена од пет претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Комисијата од ставот (1) на овој член врши и ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на студии на случај најмалку два пати годишно.

    При ревизијата Комисијата особено ги има во предвид промените на правните прописи на кои е засновано прашањето односно случајот, бројот на кандидати кои го одговорале, успешноста во одговарањето на истите како и други критериуми кои можат да влијаат на подобрувањето на квалитетот на ловечкиот испит.

    Врз основа на извршената ревизија и ажурирање на базите на прашања и базите на практичниот пример, Комисијата одлучува најмалку 30% од прашањата и практичниот пример да бидат изменети или целосно отстанети и заменети со нови од ловечкиот испит.

    Членовите на Комисијата за верификација од ставовите (1) и (2) на овој член имаат право на паричен надомест што го определува Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Износот на паричниот надомест од ставот (5) на овој член се определува врз основа на бројот на изготвени прашања и практичниот пример, како и сложеноста на материјата.

    Годишниот износ на паричниот надоместок од ставот (5) се плаќа во износ од една месечна просечна нето плата во Републиката исплатена за предходната година.

    Член 58-г

    Стручните и административните работи за потребите на спроведување на ловечкиот испит ги врши Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство определува одговорно лице кое утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на испитот.

    На одговорното лице од ставот (1) на овој член за секоја одржана испитна сесија му следува паричен надоместок во иснос од една третина од просечната нето плата во Република Македонија за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.

    Член 58-д

    Испитот се полага најмалку четири пати годишно, во периодот од 1-ви февруари до 30-ти септември.

    Член 58-ѓ

    Барањето за полагање на ловечкиот испит кандидатот го поднесува до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Член 58-е

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство или од него овластено лице, со решение утврдува дали кандидатот ги исполнува условите за полагање на ловечкиот испит.

    Против решението со кое е одбиено барањето за полагање на испитот, може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од приемот на решението.

    Член 58-ж

    На кандидатот мора да му се овозможи да започне да го полага ловечкиот испит во првата наредна испит на сесија од денот на одобреното барање за полагање на ловечкиот испит.

    Член 58-з

    Ловечкиот испит се полага во просторија за полагање на испит, посебно опремена за полагање на стручен испит со материјално-техничка и информатичка опрема, интернет врска и опрема за снимање на полагањето.

    Кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на ловечкиот испит и јавноста се информираат за датумот и времето на полагање на ловечкиот испит најмалку осум дена пред одржување на ловечкио испит преку веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Јавниот радиодифузен сервис.

    Полагањето на испитот се снима и во живо се емитува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а ако поради технички причини снимањето се прекине, снимката од целиот испит се поставува на веб страницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Правното лице кое го спроведува испитот треба да ги исполнува критериумите во однос на просторните услови и материјално-техничката и информатичката опрема на просториите за полагање на ловечкиот испит кои услови поблиску ги пропишува министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство.

    Во просторијата за полагање на испитот, за време на полагање на испитот се присутни двајца претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, еден претставник од Владата на Република Македонија на предлог на Канцеларијата на претседателот на Владата и еден претставник на Министерството за информатичко општество и администрација (информатичар).

    На преставниците присутни во просторијата за полагање на испитот од ставот (5) на овој член за секоја одржана испитна сесија им следува паричен надоместок, во износ од една третина од просечната нето плата во Република Македонија, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение.

    Овластеното правно лице кое технички го спроведува испитот е должно да го блокира радио фреквенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот за време на спроведување на испитните сесии.

    Агенцијата за електронски комуникации (во натамошниот текст: АЕК) врши постојан мониторинг на блокирањето на радио фекфенцискиот опсег во просторијата за полагање на испитот, со цел да се спречи секаков вид на електронска комуникација со околината надвор од просторијата за полагање на испитот.

    АЕК во просторијата за полагање на испитот инсталира мерна опрема која обезбедува електронски запис од извршените мерења во траење од 30 дена и истите се складираат во централниот контролен систем на АЕК.

    АЕК формира три члена комисија која изготвува извештај врз основа на електронските записи складирани во централниот контролен систем на АЕК и истиот го доставува до Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најдоцна во рок од 15 дена од завршување на испитната сесија.“

    Член 58-ѕ

    Пред почетокот на полагањето на ловечкиот испит, претставникот од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го утврдува идентитетот на кандидатот со увид на лична карта.

    На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува користење на закони, закони со коментар и објаснување, мобилен телефон, преносни компјутерски уреди и други технички и информатички средства, претходно подготвени предмети и слично.

    На кандидатот за време на полагањето на испитот не му се дозволува да контактира со други кандидати или лица освен со информатичарот од членот 58-з став (5) од овој закон, во случај доколку има технички проблем со компјутерот.

    Ако техничките проблеми со компјутерот ќе бидат отстранети за пет минути испитот продолжува, а дококу не бидат отстранети во овој рок испитот само за тој кандидат се прекинува и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

    Ако има проблеми со повеќе од пет комјутери и тие не бидат отстранети во рок од пет минути испитот се прекинува за сите кандидати што го полагаат испитот и ќе се одржи во рок од најмногу три дена од денот на прекинувањето на испитот.

    Доколку кандидатот при полагањето на првиот и вториот дел од испитот постапува спротивно од ставовите (2) и (3) на овој член, нема да му се дозволи натамошно полагање на испитот во таа испитна сесија и му се изрекува забрана за полагање на испитот за добивање на уверение за положен ловечки испит во траење од три години, за што Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесува решение против кое може да се поведе управен спор пред надлежен суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

    Во случаите од ставот (6) на овој член, се смета дека кандидатот не го положил ловечкиот испит и истото се констатира во записникот за полагање на ловечки испит.

    Овластените претставници од членот 58-з став (5), за време на полагањето на испитот не смеат да се задржуваат подолго од пет секунди во непосредна близина на кандидатот кој го полага испитот, освен во случај на отстранување на технички проблем кога не смеат да се задржат подолго од пет минути.

    Член 58-и

    Ако во текот на полагањето на испитот настанат оправдани причини поради кои кандидатот не може да го продолжи полагањето на испитот (болест, породилно отсуство, школување во странство и слично), ќе се прекине испитот за определено време, кое не може да биде подолго од шест месеци.

    Решение за продолжување на испитот донесува Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство по молба на кандидатот. Молбата се поднесува во рок од осум дена од престанокот на причините за одлагање на испитот, но најдоцна во рок од шест месеци.

    agrounik

    Ако кандидатот не поднесе молба за продолжување на испитот во рокот определен во ставот (2) на овој член ќе се смета дeка испитот не го положил.

    Против решението на Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство од ставот (2) на овој член кандидатот може да се поведе управен спор пред надлежниот суд во рок од 30 дена од денот на приемот на решението.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Во продолжувањето на испитот, кандидатот не го полага оној дел од испитот што претходно веќе го има полагано.

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    Само Рурално

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img