Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

2.8 C
Skopje
Monday, December 9, 2024

More
    домаАгро ВестиПроизводство на расад од домат во заштитен простор

    Производство на расад од домат во заштитен простор

    petel baner

    Производство на расад од домат во заштитен простор еве како се прави тоа.

    За успешно производство и постигнување на високи приноси, основен предуслов е производство на квалитетен расад.

    Otkup na kompiri

    Поради лошо произведен расад многу од производителите го губат првиот или вториот род, или приносот е доста мал.

    Во многу земји во светот постојат специјализирани претпријатија кои исклучиво се занимаваат со производство на расад.

    Во однос на условите на одгледување, секое отстапување од потребните услови доведува до отежнување на производството, не можат редовно да се пратат проблемите, болестите, заштитата и воопшто целосната технологија.

    Условите кои треба да се запазат во текот на производството на расад се:

    Светлината – ако ја нема доволно, нема да има фотосинтеза, а ако нема фотосинтеза нема да има ни производство. Во раното производство и раната сеидба, секогаш има недостаток на светлина, па затоа има присутност на издолжување на расадот.

     Проблем се јавува и кога растенијата меѓусебно се засенчуваат, при што е потребно навремено пикирање или раздалечување на саксиите една од друга во зависност од просторот со кој располагаме.

    Во пракса многу често се среќава употреба на извалкана, нечиста фолија, која не пропушта доволно светлина.

    Температурата е еден од главните фактори за производство на расад уште од самиот почеток. Секое отстапување, ниски или високи температури, доведува до споро `ртење и поникнување. Кај доматот температурата во фаза на `ртење треба да биде: минимална 11о С, оптимална 25о С (16 – 29), и максимална 34о С.

    Се препорачува на производителите кои сами произведуваат расад да поседуваат термометри кои ја мерат минималната, максималната и моменталната температура, како и термометар за мерење на температурата на почвата, за да можат да ја пратат температурата во секое време и да преземат соодветни мерки.

    Водата исто така има големо значење во производството на расадот. Температурата на водата не треба да има големо отстапување во однос на температурата од средината каде се одгледува расадот.

    Во пракса, идеалната температура на водата треба да биде од 20-25о С.

    Поради превентива од болести после никнењето, влагата на воздухот треба да биде 75 – 80 %.

    Готовиот супстрат кој што се користи во производството на расадот е лесен, не содржи патогени, има регулирана pH вредност, го има регулирано водно-воздушниот режим и има доволно храна.

    Припремата на супстрат од почва која не е лабораториски испитана не е препорачлива.

    При употреба на супстрат со мешање на смеската со песок и шумска почва, таквиот супстрат може да содржи патогени, да има недостаток или вишок на храна и има нерегулирана pH.

    Во текот на одгледувањето на расадот треба големо внимание да се обрне на температурата на супстратот, која треба да биде околу 25о С.

    После поникнувањето температурата на супстратот треба да се намали на минимум 14о С, а на воздухот од 14 – 18о С , за да се спречи издолжувањето на расадот.

    Во производството на расадот важен е податокот дека кога има помала светлина, температурата треба да биде пониска и обратно.

    За добар развој на коренот температурата на супстратот не треба да биде под 14 – 15о С. Наводнувањето треба да биде по потреба со помали количини на вода, но почесто.

    Ако има преголема влажност, треба да се намали влажноста по пат на проветрување, во спротивно преголемата влажност делува негативно, а може да дојде и до уништување на расадот.

    Расадот кој е спремен за пикирање, треба да се пикира во саксии со поголема запремина или контејнери со поголеми отвори на ќелиите.

    Обично со пикирање се отпочнува кога лисјата почнуваат да се прилепуваат или расадот има најмалку два прави листа.

    Најдобро се пикира кога супстратот во контејнерите има умерена влажност.

    После пикирањето, расадот добро се залива и понатаму одржува на пропишаната температура. Во текот на одгледувањето, расадот треба редовно да се заштитува.

    Производство на расад од домат во заштитен простор

    Во контролирани услови на одгледување треба да се направи следното: – доколку контејнерите се користени, да се дезинфекција во 10% варакина, – доколку се користи недезенфициран супстрат, се препорачува залевање со препаратот Signum 0,1% или со Acrobat MZ 0,2%. – после добивањето на првиот пар лисја, добро да се полие со Previcur energy 20-25ml на 10л. вода, – една недела покасно да се третира фолијарно со препарат на база на Mankozeb, а ако има појава на инсекти, да се додаде и инсектицид, – после извесно време пред изнесувањето на расадот на стално место, да се полие повторно со Signum 0,1%, или Previcur energy во пропишаната количина, – за контрола на почвата од земјишни инсекти, треба да се користи почвениот инсектицид Dursban G-5.

    agrounik

    Најчести проблеми во расадопроизводството со кои се среќаваме се кога: – семето не поникнува или слабо поникнува; се темели на температурата, недоволно или вишок на влага, погрешна pH вредност, повеќе соли (храна) кои ја блокират водата, длабочина на сеидбата, – пропаѓање или угинување на штотуку поникнатите растенија, котиледоните се сушат и изгинуваат без некои симптоми на стеблото; тоа значи дека расадот е изложен директно на сончевите зраци, ги спалува нежните делови или пак превисока температура, или обратно ниска температура – измзнување, – како најчест проблем се појавува полегнувањето на расадот (сушење на приземниот дел од стеблото) и пропаѓање во вид на концентрични кругови; до тоа доаѓа од инфициран супстрат или неповолни услови на одгледување, висока релативна влажност, без светлина.

    Во таков случај потребно е полевање со Previcur energy, Signum, Acrobat MZ, или препарати на база Mankozeb, како и максимална контрола на температурата и влажноста на воздухот, – спор, бавен пораст на расадот со појава на некроза, сушење покрај ивиците на лисјата, со светла боја на лисјата; тоа значи дека има вишок на храна или ладно и облачно време.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Треба да се изврши контрола или анализа на супстратот, и фолијарно да се прихрани. – издолжување на расадот доаѓа од прегуст склоп, недоволна светлина; во тој случај треба да се разместат саксиите и да се намали температурата.

    Дип.инг.агр. Стојан Глигоров

    За повеќе корисни стории посетете ја страната на zemjodelie.mk, како и Земјоделските групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img