Тел: +38975383796 Е-пошта info@zemjodelie.mk

13.8 C
Skopje
Wednesday, May 1, 2024

More
    домаАгро училницаСина мувла (гнилеж)

    Сина мувла (гнилеж)

    petel baner

    Сина мувла (гнилеж) – Сината мувла, која најчесто ја предизивкува габата Penicillium expansum, е најлошата болест на јаболката по берба.

    Типичен симптом на сината мувла се кружни црно обоени лезии со остри маргини меѓу водениот мек гнилеж и здравото месо на плодот.

    Скапаното ткиво е потполно кашесто и може да се оддели од здравото ткиво со измивање со вода.

    Лезиите често имаат бајат земјен мисрис. Кога има спори, тие формираат густа пудреста маса во центарот на лезијата. Овие маси спори имаат светло зелена до сина боја.

    Сината мувла е патоген што инфицира рани.

    Не може да продре во котикулата на плодот, па мора да бара пукнатина или гребнатина на површината на плодот за да се насели.

    Спорите на сината мувла се насекаде, а при високи нивоа на
    контаминација се зголемува и веројатноста за инфицирање на плодовите.


    Најдобрите напори за санитација во станицата за пакување помагаат да се намали,
    но не и да се елиминира потенцијалот за појава на сина мувла (гниење).

    Јаболки со висок степен на калциум и низок степен на азот имаат поголема толеранција кон сината мувла.

    Превентивни мерки за спречување на гниењето

    Неопходно е да се применат превентивни мерки кои вклучуваат внимателно ракување со плодовите за време на бербата и пакувањето. Хигиенско одржување на магацините, што побрзо ладење на плодовите по бербата, како и одвојување и уништување на помодрените и расипани плодови.

    Agrobot

    Сина мувла (гнилеж)

    Примената на фунгициди пред бербата (активни супстанци пираклостробин и боскалид). Како и потопување на плодовите по бербата и пред складирањето во суспензија или емулзија на фунгициди претставуваат ефикасно решение.

    Габите од родот Penicillium можат да произведат широк спектар на различни микотоксини (цитринин, патулин, орхатоксин А, пенитрем А), од кои најважен е патулинот. Тој е потенцијално канцероген, а докажани се и штетните имунолошки, невролошки и гастроинтестинални ефекти на патулинот врз човечкото тело.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Поради неговиот токсичен и потенцијално канцероген ефект, максимално дозволената концентрација на патулин е законски регулирана во Европската унија, која е 50 µg/l за сокови, 25 µg/l за цврсти производи од јаболка и 10 µg/l за храна за бебиња.

    Придружете се на нашата заедница на ВиберТелеграмФејсбук бидете дел од најголемето земјоделско семејство во кое сте секогаш добредојдени.

    Доколку нешто продавате или купувате посетете го огласникот WWW.PETEL.MK

    tigar.mk baner
    spot_img
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    МОЖЕ БИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА...
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img