Секој граѓанин да може да одгледува 2-3 стебла Канабис за лична употреба под строга контрола – изјави премиерот Заев на парламентарната седница посветена на пратенички прашања.
![Канабис](https://zemjodelie.mk/wp-content/uploads/2020/12/марихуана.jpg)
Денес се одржа собраниската седница посветена на пратенички прашања. Меѓу другото на премиерот му беше поставено прашање во врска со одгледувањето на Канабис во строго контролирани услови и во нашата земја. Тој истакна дека со легализацијата и декриминализација на канабисот се отвора можност, секој граѓанин, за своја лична употреба да може да огледува одредена количина на канабис.
„Нашиот став во однос на ова прашање е јасен. Ова нема да биде привилегија само на богатите да инвестираат или слично. Целта е да се овозможи на секој граѓанин на пример од две до три стебла под контрола на агенцијата која што е предвидена во самиот закон за сопствена потреба да може да ги користи, или пак може да ги делегира на компанија да ги одгледува за него како што и сега. Се бележи секое стебленце со посебен број со посебна контрола или слично.„ порача премиерот Заев.
Со легализација на канабисот истовремено се отвораат нови економски потенцијали и развој на одредени стопански гранки како туризмот и угостителството.
„Легализацијата на марихуаната во државата која што треба да има конечна цел за развој на угостителството и туризмот на сите наши услужни дејности кои што дефинитивно многу малку партиципираат во севкупниот БДП на државата односно околу 4%.
Во Холандија во БДП, услужните дејности учествуваат повеќе од 60%, во земјите насекаде е 25, 45, 35 отсто. Ние немаме море, немаме пристаништа, немаме извори на нафта да го развиваме нашиот економски сектор. Ова е добар потенцијал што државата може да го искористи за развој на економијата за отворање на нови работни места”.
Искуствата покажале дека во сите земји каде што употребата на канабис е легализирана, за 30 до 50 отсто е опаднато користењето на сите други тешки супстанци и дроги.
Сепак, првин треба сериозна дебата за декриминализација и легализација на марихуаната за да се слушне гласот на народот. Негов личен став е дека тоа треба да се случи час поскоро.