Тел: +38975383796 Е-пошта [email protected]

28.8 C
Skopje
Friday, July 26, 2024

More
    домаАгро ВестиПроизводителите на какао во незавидна позиција

    Производителите на какао во незавидна позиција

    petel baner

    Производителите на какао ја плаќаат цената за намалената глобална побарувачка. Брегот на Слоновата Коска и Гана, кои сочинуваат речиси 70 проценти од светските резерви, го проширија производството во исто време кога пандемијата на коронавирусот го „заклучи“ целиот свет.

    – Страдаме од натрупување со какао. Тешко е да ги храниме своите деца – се жали Баба Кампе, земјоделец кој одгледува какао на плантажа од осум хектари.

    Новите околности значително ја намалија побарувачката. Производителите не можат да ја продаваат својата суровина и немаат начин како да ја складираат. Производителите на чоколада ширум светот ја користат незавидната состојба во која се најдоа земјоделците со цел да ги намалат трошоците и да купат суровини по многу поевтини цени. Посредниците плаќаат помалку од минималната цена пропишана од владата. Брегот на Слоновата Коска мораше да понуди огромни попусти за да се ослободи од родот оваа сезона.

    agrounik

    Просечната западноафриканска фарма не надминува 3,5 хектари и храни шест до осум членови во семејството. Повеќе од половина од одгледувачите на Брегот на Слоновата Коска живеат под прагот на сиромаштија. Без пристап до наводнување и современи земјоделски технологии, тие се потпираат на временските услови. Сега веќе ни тоа не е важно, затоа што нема клиенти.

    какао
    Какао

    Чоколадото како луксуз

    Чоколадото е луксузен производ кој најмногу се купува за време на празници, собири, прослави и подароци. Фановите на чоколадо спакувани во атрактивни кутии и обвивки честопати купуваат импулсивно, а пандемијата на коронавирусите ги принуди луѓето се повеќе да се свртуваат кон купување преку Интернет и да го намалат бројот на патувања до продавниците.

    Prostor za reklama na zemjodelie.mk

    Отсуствуваше и откупот на разни празнични пакувања чоколади, кои обично се подаруваат на Божиќ и Нова година. Пандемијата го намали производството и создаде глобални вишоци, па затоа Брегот на Слоновата Коска сега се бори да го продаде дури и најквалитетно какао во светот.

    Неодамна беше принудена да го продаде најдоброто какао по цена што се намали за дури 150 фунти (205 долари) по тон.

    За повеќе корисни стории посетете ја рубриката Агро вести, како и нашите групи на Facebook и Viber.

    tigar.mk baner
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img